Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Престој за изучување на германски јазик (§16 f AufenthG)

Текст

Внимателно прочитајте го овој информативен лист и приложете го отпечатен и потпишан кога ќе поднесувате барање за виза. Ве молиме регистрирајте се за термин само доколку ги исполнувате сите услови и сте во можност да ги доставите сите потребни документи. Виза не може да се додели доколку условите не се исполнети или не се поднесени потребните документи.

Добрата подготовка на барањето за виза може позитивно да влијае и да ја скрати постапката. При поднесување на барањето или за време на визната постапка може во поединечни случаи да бидат побарани дополнителни документи кои не се наведени тука. Нецелосно пополнети формулари или некомплетни документи може да доведат до одбивање на барањето.

За време на визната постапка Амбасадата мора да ја вклучи надлежната служба за странци во Германија. Постапката по правило трае 10 до 12 недели по поднесување на барањето за виза на шалтер, во одреден случај и подолго. Амбасадата веднаш ќе Ве извести штом Вашето барање ќе биде конечно обработено. Ве молиме, воздржете се од прашања за статусот на Вашето барање во текот на вообичаеното времетраење на постапката. За визниот оддел тоа значи дополнително оптеретување и со тоа би се пролонгирала обработката на Вашето барање.

Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 1 копија.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте)!

При поднесување на барањето потребно е да се достават следниве документи:

  • 1 образец за барање на национална виза, целосно пополнети со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишани. Барањето можете да го пополните онлајн или да го преземете овде
  • 1 формулар - поука, своерачно потпишани.
  • Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
  • 2 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 1 фотографија залепете на предвиденото место на образецот за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
  • Пасош со доволна важност, во оригинал и 1 копиja. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
  • Такса - таксата за апликацијата изнесува 75,00 евра. Таксата се плаќа или со кредитна картичка или во готово исклучиво во ЕВРO-банкноти, монети не се прифаќаат.
  • Доказ за упис во соодветно училиште за јазици во Германија, со податоци за времетраењето на курсот и интензитетот на наставата,  во оригинал и 1 копиja.
  • Доказ за регулирана уплата за трошоците за јазичниот курс, во оригинал и 1 копиja.
  • Биографија (CV) на германски јазик, своерачно потпишана.
  • Мотивационо писмо на германски јазик, со податоци за причините за изучување на германскиот јазик (Вашето понатамошно образование, професионалните перспективи), своерачно потпишано.
  • Доказ за финансирање на престојот, месечниот нето износ за покривање на трошоците за престој треба да изнесува 1.027,- евра, и тоа во вид на:

    Гарантно писмо од Германија – Verpflichtungserklärung (издадено од службата за странци) за целокупниот престој од страна на лице кое живее и работи во Германија, во оригинал и 1 копиja, или

    Потврда од банка во Германија за отворена блокирана сметка (Sperrkonto) на Ваше име со месечен нето износ од 1.027,- евра, во оригинал и 1 копиja.

    Доколку имате обезбедено бесплатно сместување или оброци, потребно е да се достават соодветни докази.
  • Доказ за евентуално познавање на германски јазик, во оригинал и 1 копиja.
  • Доказ за актуелен ангажман или завршено образование (свидетелства, диплома и уверение за завршено образование), во оригинал и превод на германски јазик со по 1 копиja.

ПОУКА – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВИЗА / BELEHRUNG - ANTRAGSTELLUNG

Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.

Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.

Скопје / Skopje ___________________                       Потпис / Unterschrift______________________

Почеток на страницата