Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Студирање (§16 b AufenthG)
Внимателно прочитајте го овој информативен лист и приложете го отпечатен и потпишан кога ќе поднесувате барање за виза. Ве молиме регистрирајте се за термин само доколку ги исполнувате сите услови и сте во можност да ги доставите сите потребни документи. Виза не може да се додели доколку условите не се исполнети или не се поднесени потребните документи.
Добрата подготовка на барањето за виза може позитивно да влијае и да ја скрати постапката. При поднесување на барањето или за време на визната постапка може во поединечни случаи да бидат побарани дополнителни документи кои не се наведени тука. Нецелосно пополнети формулари или некомплетни документи може да доведат до одбивање на барањето.
За време на визната постапка Амбасадата мора да ја вклучи надлежната служба за странци во Германија. Постапката по правило трае 10 до 12 недели по поднесување на барањето за виза на шалтер, во одреден случај и подолго. Амбасадата веднаш ќе Ве извести штом Вашето барање ќе биде конечно обработено. Ве молиме, воздржете се од прашања за статусот на Вашето барање во текот на вообичаеното времетраење на постапката. За визниот оддел тоа значи дополнително оптеретување и со тоа би се пролонгирала обработката на Вашето барање.
Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 1 копија.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте)!
При поднесување на барањето потребно е да се достават следниве документи:
- 1 образец за барање на национална виза, целосно пополнети со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишани. Ве молиме испечатете ги сите страници од барањето за национална виза и приложете ги сите страници заедно со QR-кодот.
- 1 формулар - поука, своерачно потпишани.
- Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
- 2 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 1 фотографија залепете на предвиденото место на образецот за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
- Пасош со доволна важност, во оригинал и 1 копија. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
- Доказ за признато завршено образование:
За додипломски студии: диплома за положена државна матура, во оригинал и превод на германски јазик со по 1 копија,
За размена на студенти: индекс, уверение за положени испити, во оригинал и превод на германски јазик со по 1 копија,
За магистерски студии: диплома и уверение за завршено високо образование, во оригинал и превод на германски јазик со по 1 копија. - Доказ за финансирање на престојот и студиите, месечниот нето износ за покривање на трошоците за престој треба да изнесува 992,- евра, и тоа во вид на:
Гарантно писмо од Германија – Verpflichtungserklärung (издадено од службата за странци) за целокупниот студиски престој од страна на лице кое живее и работи во Германија, во оригинал и 1 копија
или
Потврда за стипендија, доколку добивате стипендија, во оригинал и 1 копија,
Во случај на делумна стипендија, разликата мора да се докаже со гарантно писмо или блокирана сметка.
или
Потврда од банка во Германија за отворена блокирана сметка (Sperrkonto) на Ваше име со месечен износ од 992,- евра или најмалку 11.904,- евра за престој од 1 година, во оригинал и 1 копија. - Доказ за предвидениот студиски престој:
Доколку веќе сте примени на универзитетот во Германија:
потврда од универзитетот во Германија за обезбедено место на факултетот – Zulassungsbescheid.
Доколку поднесовте барање за издавање на потврда за обезбедено место на факултет во Германија, но се уште не ви е доставена:
потврда од универзитетот за прием на барањето.
Доколку пред започнување на студиите треба да посетувате јазичен курс:
потврда од универзитетот или потврда од јазичното училиште. - Доказ за јазични познавања: доколку за вашите студии се потребни одредени јазични познавања, потребно е да се докажат познавања на германски или кај англиски студиски програми познавања на ангислки јазик:
Официјален јазичен сертификат на потребното јазично ниво, во оригинал и 1 копија.
Јазични сертификати или потврди, кои само го потврдуваат учеството на јазичен курс НЕ СЕ ПРИФАЌААТ.
Подетални информации за признати сертификати за доказ за познавање на германски јазик ќе најдете овде.
Напомена: Апликацијата е бесплатна.
ПОУКА – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВИЗА / BELEHRUNG - ANTRAGSTELLUNG
Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.
Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.
Скопје / Skopje ___________________ Потпис / Unterschrift______________________