Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Барање место за стекнување на стручно образование (§17 Abs. 1 AufenthG)
Внимателно прочитајте го овој информативен лист и приложете го отпечатен и потпишан кога ќе поднесувате барање за виза. Ве молиме регистрирајте се за термин само доколку ги исполнувате сите услови и сте во можност да ги доставите сите потребни документи. Виза не може да се додели доколку условите не се исполнети или не се поднесени потребните документи.
Добрата подготовка на барањето за виза може позитивно да влијае и да ја скрати постапката. При поднесување на барањето или за време на визната постапка може во поединечни случаи да бидат побарани дополнителни документи кои не се наведени тука. Нецелосно пополнети формулари или некомплетни документи може да доведат до одбивање на барањето.
За време на визната постапка Амбасадата мора да провери дали за лицата кои поднесуваат барање за виза постојат одредени податоци за прекршоци во Германија. Постапката по правило трае 2 недели по поднесување на барањето за виза на шалтер. Доколку барателот за виза имал претходни престои во Германија, постапката може да трае и подолго, затоа што треба да се вклучат и надлежните служби во Германија. Амбасадата веднаш ќе Ве извести штом Вашето барање ќе биде конечно обработено. Ве молиме, воздржете се од прашања за статусот на Вашето барање во текот на вообичаеното времетраење на постапката. За визниот оддел тоа значи дополнително оптеретување и со тоа би се пролонгирала обработката на Вашето барање.
Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 1 копиja.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте)!
При поднесување на барањето потребно е да се достават следниве документи:
- 1 образец за барање на национална виза, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан. Ве молиме испечатете ги сите страници од барањето за национална виза и приложете ги сите страници заедно со QR-кодот.
- 1 формулар - поука, своерачно потпишан.
- Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
- 2 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 1 фотографија залепете на предвиденото место на образецот за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
- Пасош со доволна важност, во оригинал и 1 копија. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
- Такса - таксата за апликацијата изнесува 75,00 евра. Таксата се плаќа или со кредитна картичка или во готово исклучиво во ЕВРO-банкноти, монети не се прифаќаат.
- Биографија (CV) на германски јазик, за досегашното образование, своерачно потпишана.
- Мотивационо писмо на германски јазик, со податоци за планираното стручно образование (бранша, регион, времетраење на престојот, сместување и сл.), своерачно потпишано.
- Доказ за финансирање на престојот, месечниот нето износ за покривање на трошоците за престој треба да изнесува 1.027,- евра, и тоа во вид на:
Гарантно писмо од Германија – Verpflichtungserklärung (издадено од службата за странци) за целокупниот престој од страна на лице кое живее и работи во Германија во оригинал и 1 копија
или
Потврда од банка во Германија за отворена блокирана сметка (Sperrkonto) на Ваше име со месечен износ од 1.027,- евра во оригинал и 1 копија. - Доказ за завршено образование, диплома за признато или еквивалентно образование, кое овозможува упис на високообразовна установа во Германија, во оригинал и превод на германски јазик со по 1 копија.
- Доказ од датотеката АНАБИН дека Вашето образование овозможува упис на високообразовна установа во Германија.
- Доказ за познавање на германски јазик на Б2 ниво, во оригинал и 1 копија.
Признати јазични сертификати се јазичните сертификати на Гете институтот (Goethe Institut), ÖSD - австриската јазична диплома (ÖSD - Österreichisches Sprachdiplom) или јазичните сертификати на јазични училишта, кои поседуваат лиценца од Телк доо (Telc GmbH) или ECL. Подетални информации ќе најдете овде.
ПОУКА – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВИЗА / BELEHRUNG - ANTRAGSTELLUNG
Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.
Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.
Скопје / Skopje ___________________ Потпис / Unterschrift______________________