Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Хоспитација
Хоспитацијата служи за собирање впечатоци и знаење без хоспитантот да биде интегриран во структурата на претпријатието. Хоспитантите не се обврзани да ги следат работните упатства и немаат фиксно време или обврска на присуство во претпријатието. На хоспитантите за време на престојот во Германија не им е дозволено да работат и затоа не извршуваат работни задачи/не се во работен однос. Лицата од Република Северна Македонија кои имаат намера поради хоспитација да останат до 90 дена, можат да патуваат без виза. Ако имате намера да останете подолго од 90 дена мора да аплицирате за национална виза.
Внимателно прочитајте го овој информативен лист и приложете го отпечатен и потпишан кога ќе поднесувате барање за виза. Ве молиме регистрирајте се за термин само доколку ги исполнувате сите услови и сте во можност да ги доставите сите потребни документи. Виза не може да се додели доколку условите не се исполнети или не се поднесени потребните документи.
Добрата подготовка на барањето за виза може позитивно да влијае и да ја скрати постапката. При поднесување на барањето или за време на визната постапка може во поединечни случаи да бидат побарани дополнителни документи кои не се наведени тука. Нецелосно пополнети формулари или некомплетни документи може да доведат до одбивање на барањето.
За време на визната постапка Амбасадата мора да ја вклучи надлежната служба за странци во Германија. Постапката по правило трае 10 до 12 недели по поднесување на барањето за виза на шалтер, во одреден случај и подолго. Амбасадата веднаш ќе Ве извести штом Вашето барање ќе биде конечно обработено. Ве молиме, воздржете се од прашања за статусот на Вашето барање во текот на вообичаеното времетраење на постапката. За визниот оддел тоа значи дополнително оптеретување и со тоа би се пролонгирала обработката на Вашето барање.
Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 1 копија.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте)!
При поднесување на барањето потребно е да се достават следниве документи:
- 1 образец за барање на национална виза, целосно пополнети со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишани. Ве молиме испечатете ги сите страници од барањето за национална виза и приложете ги сите страници заедно со QR-кодот.
- 1 формулар - поука, своерачно потпишани.
- Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
- 2 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 1 фотографија залепете на предвиденото место на образецот за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
- Пасош со доволна важност, во оригинал и 1 копиja. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
- Такса - таксата за апликацијата изнесува 75,00 евра. Таксата се плаќа или со кредитна картичка или во готово исклучиво во ЕВРO-банкноти, монети не се прифаќаат.
- Договор за хоспитација (не постар од 6 месеци): потпишан од претпријатието и хоспитантот, со податоци за видот, почетокот, времетраењето и областите каде ќе се одвива хоспитацијата и датумот на потпишување на договорот, оригинал и 1 копиja.
- План за хоспитација, доколку целта на хоспитацијата не произлегува од договорот, оригинал и 1 копиja.
- Биографија (CV) на германски јазик,со податоци за досегашното образование, во даден случај и податоци за професионални ангажмани, своерачно потпишана.
- Мотивационо писмо на германски јазик, со податоци за вашите професионални перспективи по планираниот престој за хоспитација, своерачно потпишано.
- Доказ за финансирање на престојот, месечниот нето износ за покривање на трошоците за престој треба да изнесува 1.027,- евра, и тоа во вид на:
Гарантно писмо од Германија – Verpflichtungserklärung (издадено од службата за странци) за целокупниот престој од страна на лице кое живее и работи во Германија во оригинал и 1 копиja,
или
Потврда од банка во Германија за отворена блокирана сметка (Sperrkonto) на Ваше име со месечен износ од 1.027,- евра, во оригинал и 1 копиja.
Доколку имате обезбедено бесплатно сместување или оброци, потребно е да се достават соодветни докази. - Доказ за завршено образование (потврда од факултет, диплома, уверение за положени испити и сл.), во оригинал и превод на германски јазик со по 1 копиja.
- Доказ за патничко здравствено осигурување за целокупниот престој во Германија, во оригинал и 1 копиja.
ПОУКА – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВИЗА / BELEHRUNG - ANTRAGSTELLUNG
Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.
Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.
Скопје / Skopje ___________________ Потпис / Unterschrift______________________