Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Термини за поднесување барање за национална виза

Текст

Овде ќе ги најдете сите информации во врска со резервирање на термин.

Виза за долгорочен престој (национална виза)

Овде имате можност да се регистрирате за термин во нашиот портал за термини; во секој случај ќе Ви биде доделен најраниот можен термин.
Исклучок: За барања за виза со цел вработување според таканаречената Регулатива за Западен Балкан важат посебни одредби. Понатамошни информации може да најдете овде.

При поднесување на барање за термин за виза имате можност да изберете различни јазици. Доколку сакате информациите да бидат на албански јазик, изберете ја англиската верзија при регистрацијата за термин. Доколку сте ја избрале германската верзија, тогаш информациите ќе ги добиете на македонски и германски јазик.

Има листи на чекање за термин за одредени категории, како и можност директно да резервирате термин за поднесување на барања за вработување  (изземени се тие со регулативата за Западен Балкан) и за студирање.

За регистрациите за термин за виза за вработување според § 26 став 2 од Одредбата за вработување („Регулатива за Западен Балкан“) има посебна листа на чекање за термин.

Само на лицата со важечки доделен термин им е дозволен пристап до одделот за визи за да поднесат барање за виза.

Благовремено пред Вашиот термин ќе добиете и-мејл со потврда. Ве молиме редовно проверувајте ја вашата СПАМ-фолдер.

Ве молиме за трпение и да не доаѓате лично во Амбасадата како и да не поставувате  прашања по телефон и писмено.

Информации за постапката за закажување на термин

Резервирајте термин за да го поднесете Вашето барање. Ве молиме да го користите исклучиво порталот за термини на Амбасадата.

Регистрирајте се според посакуваната категорија во вистинската листа за чекање на термин или резервирајте директно термин. Откако ќе се регистрирате, во рок од  30 минути ќе добиете потврда за прием со понатамошни податоци за постапката како и референтен број. Кога ќе имате термин, ќе добиете следна автоматска потврда со  точниот термин за поднесување на барањето за виза (потврда за термин). Истовремено Ве молиме да не ѝ поставувате прашања за предметот на амбасадата, на тој начин помагате, побрзо да се намали долгото време на чекање.

ВАЖНА НАПОМЕНА!

Ве молиме да резервирате само еден термин за поднесување на барање по лице! Кога има повеќе резервации, подносителот на барањето ќе биде целосно изваден од листата на термини!

Ве молиме да се осигурате секогаш да имате пристап до и-мејлот, кој сте го навеле при регистрацијата на терминот. Користете ја Вашата лична мејл-адреса и внимавајте на Вашите податоци за пристап. Потврдата за термин ќе биде испратена исклучиво на оваа мејл-адреса). Амбасадата не менува податоци во системот за регистрација, не ја менува ниту Вашата мејл-адреса. За Ваша безбедност не го користете сервисот на посредувачи и нивните мејл-адреси за резервација на термин. Доколку од тие причини се изгуби Вашиот доделен термин, мора одново да се регистрирате.

Дали истовремено патувате со членови на семејството што живеат со Вас во истото домаќинство? Ве молима да внимавате на тоа дека секој член на семејството мора да побара свој термин. Ова се однесува и на малолетните деца. Кога повеќе членови од Вашето семејство треба да поднесат барања за виза, тогаш побарајте за секоја личност посебен термин.

Поради големата побарувачка, термините ќе бидат доделени строго по хронолошки ред според регистрацијата.

Ве молиме внимавајте на тоа Вашето барање за термин да биде целосно и коректно. Погрешни податоци при регистрацијата на термин може да доведат до одбивање на шалтер и потоа ќе мора да поднесете барање за нов термин. Подносителите на барање на виза нема да имаат пристап до Визниот оддел доколку се појават лично без термин, надвор од потврдениот термин, при регистрација во погрешната категорија.

Кога ќе дојдете на Вашиот термин, задолжително понесете ги потврдата за термин и пасошот, кој сте го навеле во системот за регистрација. Доколку бројот на пасошот на денот на поднесувањето на барањето не одговара со тој што бил наведен при резервацијата на терминот, нема да може да влезете во Визниот оддел и ќе мора да резервирате нов термин. Доколку сте добиле нов пасош откако сте го резервирале терминот, тогаш Ве молиме да ги донесете двата пасоша.

Ако не може да го искористите терминот, откажете го навреме преку линкот каде што се доделуваат термините, за тој да може да им биде ставен на располагање на другите подносители на барање за виза. Термините може да се откажат на денот кога треба да дојдете, а потоа сторнирањето не е можно.

Откако сте побарале термин, задолжително обидете се да ги соберете сите документи што се потребни за барањето и се наведени во соодветниот информативен лист.

Важна забелешка:
Ве молиме на Визниот оддел да не му доставувате документи што не се побарани од Вас – пред сè не пред да се поднесе барањето. Овие документи не може да бидат прифатени и/или подредени.

Имајте во предвид, дека регистрацијата на листата на чекање за термин не претставува поднесување на барање за виза.

За резервација на термин и регистрација

Доколку сакате да резервирате термин, кликнете тука.

Почеток на страницата