Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Барање за виза за повторен влез (Wiedereinreise)
Што треба да направите ако Вашата дозвола за престој за Германија е истечена, изгубена или украдена?
Барање за виза за повторен влез (Wiedereinreise) може да се поднесе доколку вашата дозвола за престој за Германија е истечена, изгубена или украдена.
Внимателно прочитајте го овој информативен лист и приложете го отпечатен и потпишан кога ќе поднесувате барање за виза.
За поднесување барање за виза за повторен влез потребен ви е термин. За да закажете термин контактирајте ја Германската амбасада во Скопје по е-пошта. Ве молиме да ги испратите и следниве документи и информации:
1. Копија од пасош.
2. Доколку поседувате, истечената дозвола за престој.
3. Точната адреса на живеење во Германија.
4. Вашите податоци за контакт: е-пошта и македонски мобилен број.
За време на визната постапка Амбасадата мора да ја вклучи надлежната служба за странци во Германија. Постапката по правило трае најмалку две недели по поднесување на барањето за виза на шалтер, во одреден случај и подолго. Постапката можете да ја забрзате со контактирање на надлежната служба за странци во Германија и да замолите службата за странци да испрати до Германската Амбасада во Скопје предодобрение (Vorabzustimmung) за повторно влегување преку е-пошта или факс. При поднесување на барањето или за време на визната постапка може во поединечни случаи да бидат побарани дополнителни документи кои не се наведени тука. Нецелосно пополнети формулари или некомплетни документи може да доведат до одбивање на барањето. Амбасадата веднаш ќе Ве извести штом Вашето барање ќе биде конечно обработено. Ве молиме, воздржете се од прашања за статусот на Вашето барање во текот на вообичаеното времетраење на постапката. За визниот оддел тоа значи дополнително оптеретување и со тоа би се пролонгирала обработката на Вашето барање.
Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 1 копија.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте)!
При поднесување на барањето потребно е да се достават следниве документи:
- 1 образец за барање на национална виза, целосно пополнети со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишани. Барањето можете да го пополните онлајн или да го преземете овде
- 1 формулар - поука, своерачно потпишани.
- Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
- 2 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 1 фотографија залепете на предвиденото место на образецот за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
- Пасош со доволна важност, во оригинал и 1 копии. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
- Такса - таксата за апликацијата изнесува 75,00 евра. Таксата се плаќа или со кредитна картичка или во готово исклучиво во ЕВРO-банкноти, монети не се прифаќаат.
- 1 копиja, односно оригинал, од дозволата за престој (Aufenthaltstitel) и актуелна пријава за местото на живеење, доколку е украдена или изгубена, дополнително: потврда од полиција за изгубена или украдена дозвола за престој, во оригинал со превод на германски јазик и по 1 копиja.
- Докази од последното напуштање на Германија.
ПОУКА – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВИЗА / BELEHRUNG - ANTRAGSTELLUNG
Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.
Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.
Скопје / Skopje ___________________ Потпис / Unterschrift______________________