Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Виза за приклучување кон други членови од семејство
Во принцип, семејното приклучување кон други членови на семејството е можно само за да се избегнат исклучително тешки животни околности (сп. член 36 (2) од законот за престој - §36 Abs. 2 AufenthG). Потребно е значително отстапување од регуларното приклучување кон семејство (член 27 до 32 од законот за престој - §§ 27 bis 32 AufenthG). Во вакви исклучителни случаи, мора да постојат животни околности кои се толку сериозни што во поединечен случај негативниот исход на барањето за дозвола за престој би довело до неподнослив товар за странецот, кој поднесува барање за виза. Оттука, за овој вид на барање мора да се достават сеопфатни и веродостојни докази. Самиот факт дека постои попреченост или болест не е доволен.
Внимателно прочитајте го овој информативен лист и приложете го отпечатен и потпишан кога ќе поднесувате барање за виза. Ве молиме регистрирајте се за термин само доколку ги исполнувате сите услови и сте во можност да ги доставите сите потребни документи. Виза не може да се додели доколку условите не се исполнети или не се поднесени потребните документи.
Добрата подготовка на барањето за виза може позитивно да влијае и да ја скрати постапката. При поднесување на барањето или за време на визната постапка може во поединечни случаи да бидат побарани дополнителни документи кои не се наведени тука. Нецелосно пополнети формулари или некомплетни документи може да доведат до одбивање на барањето.
За време на визната постапка Амбасадата мора да ја вклучи надлежната служба за странци во Германија. Постапката по правило трае 10 до 12 недели по поднесување на барањето за виза на шалтер, во одреден случај и подолго. Амбасадата веднаш ќе Ве извести штом Вашето барање ќе биде конечно обработено. Ве молиме, воздржете се од прашања за статусот на Вашето барање во текот на вообичаеното времетраење на постапката. За визниот оддел тоа значи дополнително оптеретување и со тоа би се пролонгирала обработката на Вашето барање.
Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 1 копија.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте!)
При поднесување на барањето потребно е да се достават следниве документи:
- 1 образец за барање на национална виза, целосно пополнети со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишани. Барањето можете да го пополните онлајн или да го преземете овде
- 1 формулар - поука, своерачно потпишани.
- Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
- 2 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 1 фотографија залепете на предвиденото место на образецот за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
- Пасош со доволна важност, во оригинал и 1 копија. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
- Такса - таксата за апликацијата изнесува 75,00 евра. Таксата се плаќа или со кредитна картичка или во готово исклучиво во ЕВРO-банкноти, монети не се прифаќаат.
- Меѓународен извод на родени, во оригинал и 1 копија.
- Пријава за местото на живеење на лицето кое живее во Германија, во оригинал и 1 копија.
- Копија од пасошот на лицето кое живее во Германија, во соодветен случај и копија од визата за престој во Германија, доколку лицето не е германски државјанин.
- Меѓународен извод на родени на лицето кое живее во Германија, во оригинал и 1 копија.
- Доказ за исклучително тешки животни околности (во зависност од поединечниот случај):
Доказ за видот и тежината на болеста/инвалидитетот и потребата од нега, во оригинал и превод на германски со по 1 копија.
Доказ дека не постојат блиски лица за помош или можности за нега во Северна Македонија (на пр. меѓународен извод на умрени, судски пресуди итн.), во оригинал и 1 копија, во даден случај превод на германски јазик.
Останати докази за зависност на лицето/апликантот од поддршката на членот на семејството кој живее во Германија, во оригинал и 1 копија, во даден случај превод на германски јазик.
ПОУКА – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВИЗА / BELEHRUNG - ANTRAGSTELLUNG
Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.
Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.
Скопје / Skopje ___________________ Потпис / Unterschrift______________________