Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Исклучоци од доказ за познавање на германски јазик при приклучување кон семејство во Германија
a) Исклучоци, кои важат за барателите на виза
- Исклучок постои доколку поради посебни околности на индивидуален случај е невозможно да се стекнете со основно познавање на германски јазик пред да влезете во земјата.
- На пример, доказ за основно познавање на германскиот јазик не е потребен доколку и покрај сериозните напори, во рок од една година не сте успеале да го добиете потребниот сертификат за јазик. Во овие случаи клучно е дека мора да се приложат јасни докази за сериозни намери за учење на јазикот (на пр. потврда за учество на курс, потврда за учество на испити или потврда за неположени испити). Потребните јазични познавања ќе мора да се стекнат по влегување во Германија, за да може да добиете дозвола за престој. За време на визната постапка во консултација со надлежната служба за странци ќе се процени дали во Вашиот случај постои можност за изземање.
b) Исклучоци кои важат за референтното лице, лице кое живее во Германија:
1. Вашиот брачен другар е државјанин на земја-членка на Европската унија (освен Германија!) или државјанин на државите на ЕЕО (Европска економска област) Норвешка, Исланд, Лихтенштајн или Швајцарија.
2. Вашиот брачен другар е државјанин на Австралија, Израел, Јапонија, Канада, Република Кореја, Нов Зеланд, Соединетите Американски Држави, Обединетотот Кралство на Велика Британија, Андора, Хондурас, Монако или Сан Марино.
3. Референтното лице поседува дозвола за престој според: §18a AufenthG, §18b AufenthG, §18c Abs. 3 AufenthG, §18d AufenthG, §18f AufenthG, §19 AufenthG, §19b AufenthG, §19c Abs. 1 AufenthG i.V.m. §3 BeschV, §19c Abs. 1 AufenthG i.V.m. §5 BeschV, §19c Abs. 2 AufenthG i.V.m. § 6 BeschV, §19c Abs. 4 AufenthG или §21 AufenthG.
4. Како родител кој има старателство на малолетно дете со германско државјанство и се преселувате во Германија или сте бремена со дете кое што ќе се стекне со германско државјанство при неговото раѓање.
5. Вашиот брачен другар има право на заштита во Германија и има дозвола за престој како лице со одобрен статус на азил (§25 Abs. 1 bzw. §26 Abs. 3 AufenthG) или признат бегалец (§25 Abs. 2 bzw. §26 Abs. 3 AufenthG), под услов бракот веќе да постоел кога вашиот брачен другар се преселил во Германија.
6. Вашиот брачен другар е постојан жител од друга земја на ЕУ и има дозвола за престој според член 38а од законот за престој (§38a AufenthG), под услов претходно да сте живееле во брачна заедница во ЕУ земјата и бракот веќе да постоел кога вашиот брачен другар се преселил во Германија.