Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Термин за поднесување на барање за виза

FAQ

FAQ

Термин Ви е потребен за поднесување барање за национална виза.

Ве молиме имајте предвид дека секој член на семејството треба да се регистрира за термин. Ова важи и за малолетните деца. Секој барател на виза треба лично да биде присутен на денот на поднесување на барањето за виза.
Термин за поднесување барање за виза може да се регистрира преку порталот за термини на амбасадата.

Ве молиме прочитајте ги информациите за постапката за закажување на термин.

Барање за Шенген виза може да се поднесе од понеделник до четврток од 14:00 до 15:00 часот без претходно закажан термин.

Ако сте пропуштиле доделен термин за поднесување на барање за виза по Ваша вина, потребно е повторно да се регистрирате. Доколку имате добра причина поради која сте биле спречени да дојдете на терминот (болест, несреќа итн.), во исклучителни случаи може да се додели алтернативен термин. Испратете молба со објаснување и соодветни докази со вашиот референтен број на visa@skop.diplo.de.

Времето на чекање за термин за поднесување барање за виза за приклучување кон семејство изнесува околу 8 месеци. Времето на чекање може разумно да се премости со посети во рамките на безвизниот режим (туристички престој од 90 дена во период од 6 месеци без виза).

Со претходна согласност (Vorabzustimmung) од Службата за странци не може да добиете повластен термин. Бременост не е причина за исклучок.
Во случај на приклучување кон малолетно дете со германско државјанство, може да се додели повластен термин доколку се докаже дека го поседувате старателството. Во ваков случај   испратете го вашиот референтен број, доказ за родителство, старателство и германското државјанство на детето на visa@skop.diplo.de.

Самата регистрација за термин не претставува поднесување на барање за виза. Ако во догледно време достигнувате одредена возрасна граница после кое важат други предуслови за поднесување на барање за виза (на пр. кај децата тоа е 16 или 18 годишна возраст), тогаш во овој случај може да се побара признавање на поднесување барање за виза по електронска пошта (и-мејл) првично без интервју (т.н. почитување/запазување на рок).

Ве молиме во врска со ова да нè контактирате по и-мејл на visa@skop.diplo.de со молба за признавање на неформално поднесување на барање за виза поради  почитување/запазување на рокот, заедно со соодветниот референтен број на регистрацијата за термин и пасошот од малолетното дете.

Системот за закажување на термини е автоматизиран, за жал не е можна дополнителна промена на основните податоци кои сте ги внеле при регистрацијата. Затоа, при регистрација треба со најголемо внимание да ги внесувате податоците и до завршување на постапката за виза да ги зачувате непроменети Вашата е-пошта (мајл) и лозинката за пристап.

Ве молиме, доколку сте внеле погрешни податоци, сторнирајте ја Вашата погрешна регистрација преку линкот кој Ви е пратен во потврдата за успешна регистрација и регистрирајте се повторно со точни податоци.

Доколку немате пристап до потврдата за успешна регистрација испратена по и-мејл, испратете ни ги следните податоци на visa@skop.diplo.de:
Име и презиме
Копија од пасош
Регистарски број

Амбасадата ќе ја сторнира Вашата регистрација. Ќе добиете известување по е-пошта (мајл) и потоа ќе можете повторно да се регистрирате.

Промена на е-поштата (и-мејл адресата) не е можна доколку се регистриравте во листата на чекање за термин во категоријата Западен Балкан. Можете повторно да се регистрирате следниот месец.

Ве молиме, прво проверете ја Вашата СПАМ-папка и проверете дали мејловите класифицирани како СПАМ не се веднаш избришани. Доколку мејлот за потврда не се наоѓа таму, веројатно погрешно сте ја запишале Вашата  е-пошта (и-мејл).

Во овој случај, треба да се регистрирате повторно со валидна е-пошта (и-мејл). Пред да можете повторно да се регистрирате за термин, потребно е да се сторнира првичната регистрација со погрешната е-пошта (и-мејл). (Види: Не можам да пристапам до мојата е-пошта (и-мејл), која ја користев за да се регистрирам за термин).

Ве молиме регистрирајте се сами за термин во Амбасадата. Регистрацијата е бесплатна и лесна. За постапка се плаќа исклучиво таксата за виза, која се наплаќа во Амбасадата. Обрасците и информативните листови како и регистрацијата на терминте се бесплатни.
Резервацијата на терминот од страна на трети лица, а не од Вас лично, не е потребна и е бесмислена. Амбасадата не соработува со туристички агенции, адвокатски канцеларии или други комерцијални или приватни агенции, ниту пак тие уживаат привилегии.

Особено тие немаат посебен пристап кон доделувањето на термини.

Покрај тоа, нашето дипломатско претставништво во моментот не соработува со надворешен понудувач на услуги во врска со примање на барања за виза.

Почеток на страницата