Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

FAQ

На терминот носете ги следниве документи:

  • пополнет и потпишан формулар за поднесување на барање
  • сите документи што се наведени во соодветниот информативен лист (во даден случај во оригинал) со по една копија 
  • такса за виза согласно информативниот лист

Изберете го соодветниот информативен лист во категоријата Визи и влез што одговара на Вашата цел на патување и соберете ги во целост документите што се таму наведени.

Ве молиме имајте предвид дека само комплетно пополнети барања со приложување на сите документи наведени во информативниот лист може да бидат обработени. Нецелосни барања може да доведат до тоа барањето да биде одбиено, и исклучена е можноста за поврат на таксата за виза.  

За некои категории за барања може да се поднесе барање преку порталот за дигитално поднесување на барања. Откако Вашето онлајн поднесено барање ќе биде проверено, кога ќе дојдете на терминот треба да ги донесете само документите во оригинал, да ги предадете Вашите биометриски податоци и да ја платите таксата за виза. 
 

Ве молиме пополнете ги формуларите за барање за виза онлајн и донесете ги во печатена форма.

Тука може да ги пополните барањата за национална виза.
Тука може да ги пополните барањата за шенген виза.

Ако поднесувате барање преку порталот за дигитално поднесување на барања, тогаш формуларот за поднесување на барање може да го поднесете директно во порталот за дигитално поднесување на барања.
 

Барањето може да се поднесе само лично (или во Визниот оддел на германската Амбасада во Скопје или кај нашиот екстерен понудувач на услуги ВизаМетрик). Постои можност да се поднесе барање по електронски пат преку порталот за дигитално поднесување на барања за одредена категорија на барање, но тоа не е замена за личното присуство за земање на биометриски податоци подоцна и плаќање на визната такса. Исклучоци не постојат. Испратените документи ќе бидат уништени без да се испратат дополнителни информации до испраќачот. 

Таксата за поднесување на барање за шенген виза (престој под 90 дена) изнесува 90,00 евра. За малолетни деца таксата изнесува 45,00 евра. За деца до 6 години поднесувањето на барањето е бесплатно.

Таксата за национални визи (престој над 90 дена) изнесува 75,00 евра. За малолетни лица таксата изнесува 40,00 евра.

Визните такси се плаќаат во евра со банкноти или кредитна картичка директно во Визниот оддел при поднесување на барањето за виза. 

Ако поднесувате барање преку ВизаМетрик, визната такса и дополнителната такса за обработка ги плаќате директно кај ВизаМетрик. Дополнително може доброволно да користите и други услуги со плаќање на надомест. 

Македонските државјани може да поднесат барање за виза во германската Амбасада во Скопје, само ако нивното постојано живеалиште е во Северна Македонија. Ако Вашето место на живеење е во Германија (на пр. и во случај на толериран престој), тогаш надлежна е Службата за странци и во тој случај не може да се издаде виза за влез во земјата. Ако Вашето место на живеење е во друга земја, обратете се на германското претставништво во таа земја.


Државјани од други земји може да поднесат барање за виза во Визниот оддел на германската Амбасада во Скопје само ако располагаат со валидна дозвола за престој во Северна Македонија.  
 

Во зависност од категоријата за виза, Вашето барање за виза може да го поднесете или:

  • кај нашиот екстернен понудувач на услуги ВизаМетрик 
  • во Визниот оддел на германската Амбасада во Скопје  
  • онлајн преку порталот за дигитално поднесување на барања (тоа не е замена за лично присуство за земање на биометриски податоци и уплата на визната такса)

За тоа како може да резервирате термин и да поднесете барање, прочитајте во соодветниот информативен лист. 
 

Почеток на страницата