Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

FAQ

Националната виза што сте ја добиле од Амбасадата, се продолжува во Германија во надлежната Служба за странци на градската или окружната управа. За таа цел мора навреме да се пријавите во Службата за странци, најдобро веднаш откако ќе влезете во земјата. 

Доколку сте ја изгубиле Вашата валидна дозвола за престој или нејзината важност истекла неодамна, а се наоѓате моментално во Северна Македонија, може да поднесете барање за виза за повторен влез (Wiedereinreise). За таа цел можете директно да резервирате термин на следниов линк. Во итни случаи, испратете го Вашиот референтен број, копија од дозволата за престој, пријава за местото на живеење и во идеален случај предодобрение (Vorabzustimmung) од Службата за странци во Германија на konsulat@skop.diplo.de, за да може да се забрза постапката. Дополнителни информации може да најдете во соодветниот информативен лист.

Вашето излегување од Сојузна Република Германија може да го потврдите така што лично ќе го предадете документот, потврдата за преминување на граница во Визниот оддел, секој работен ден од понеделник до четврток од 14:00 до 15:00 часот (без закажување на термин).

За тоа потребни Ви се:

  • потврда за преминување на граница 
  • пасош во оригинал и копија од страната каде што е сликата
  • копија од печатот при излез од земјата во пасошот

Доколку не поседувате никаква потврда за преминување на границата, тогаш Амбасадата може да Ви издаде конзуларна потврда за која се плаќа надомест.

Подетални информации може да најдете на следниот линк.
 

Влезот во Германија мора да следи колку што е можно порано и без одолговлекување без причина. Имајте предвид дека мора навреме да се пријавите кај надлежната служба во Германија. 

За македонски државјани начелно не треба доказ за здравствено осигурување кога ќе се поднесе барање за национална виза. Службата за странци е таа која бара да се приложи валидно здравствено осигурување за да се продолжи визата. Осигурувањето може да го склучите или кај некое германско осигурително друштво или со приложување на македонско здравствено осигурување преку билатералната Спогодба за социјално осигурување. 

Основните средства за живот ги проверува начелно Службата за странци. Во секој случај има категории на визи кај кои е потребен доказ уште при поднесување на барањето за виза. На кој случај ова се однесува, може да се види во соодветниот информативен лист

При поднесување на барањето за виза преку разговор се проверува дали моменталното ниво на познавање на јазик одговара со постигнатото ниво од приложениот јазичен сертификат. Јазичниот сертификат во постапката за виза се признава само ако не е постар од една година во моментот на поднесување на барањето.

Јазичниот сертификат треба да се приложи во оригинал и една копија.

Детални информации за доказ за јазични познавања во визната постапка ќе најдете овде.
 

Блокираната сметка служи како доказ дека располагате со доволно средства за Вашиот престој во Германија. Основните средства за егзистенција во визната постапка можат да се докажат со отворање на „блокирана сметка“  (Sperrkonto). Имате слобода во изборот на банката односно понудувачот на таа услуга. Детални информации за отворање на „блокирана сметка“ во Германија можете да најдете на веб-страницата на Mинистерството за надворешни работи на Германија.

Ако подносителот на барањето не располага со доволно финансиски средства, тогаш може некое лице што живее во Германија, тоа може да е роднина, познаник или некоја фирма т.е. институција да се обврзе да ја преземе финансиската сигурност. Ова лице или организација мора да е во состојба да докаже дека има средства за да ги покрие основните трошоци за живот. Ова преземање на обврска треба да биде во форма на таканаречено гарантно писмо. Гарантното писмо се издава по правило од Службата за странци т.е. од надлежната служба во местото на живеење во Германија.

Македонските државјани може да престојуваат без виза до 90 дена во 180 дена во шенген зоната. При секој влез се прави проверка на граница, колку долго сте се задржале во изминатите 180 дена во земјите од шенген-зоната. Кон оваа бројка ќе бидат додадени и деновите од предвидениот престој. Вкупниот број не смее да ја надмине бројката од максимум 90 дена. 

На овој линк можете бесплатно да го пресметате бројот на деновите на престој. 

Шенген визата не го зголемува бројот на денови на престој.
 

Не, не постои можност за поврат на средствата, бидејќи визната такса се наплаќа за обработка на барањето за виза и мора да се плати независно од исходот на визната постапка. 

Ве молиме пратете ни мејл на: konsulat@skop.diplo.de со следните податоци:

-    Вашето име и презиме 
-    Вашиот датум на раѓање

Амбасадата ќе Ви прати мејл со информации како може да го добиете пасошот назад. 
 

Во основа, прашањата за визите се одговараат преку мејл. Ве молиме пред да стапите во контакт со нас, да ги прочитате информациите на нашата веб-страна и во соодветните информативни листови. 

Формулар за контакт
телефон: +389 2 309 39 00
факс: +49 30 1817 67272
 

Вашиот пасош може да го подигне лице со полномошно. Полномошното со потпис на подносителот на барањето не мора да биде во посебна форма.  

Укажуваме на следното:
Странските лица согласно § 5 став 2 бр. 1 Закон за престој мора да влезат со коректна виза во Германија. 

Тоа значи дека ако подносителот на барањето во моментот престојува без виза во Германија, за востановување на долгорочен престој му треба национална виза за влез како основа за долгорочниот престој. 

Службата за странци може да одбие издавање на дозвола за престој поради недостиг на докази за влез во земјата по издавање на визата или пак да побара од подносителот на барањето да ја напушти земјата, ако влезот не се случи по издавање на визата. 
 

Амбасадата ниту може да се информира за Вас дали постои забрана за влез ниту пак да овозможи да се укине постоечката забрана. 

Информации за вистинската постапка може да најдете овде
 

Почеток на страницата