Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
КВАЛИФИКУВАНА РАБОТА (СО ПРИЗНАТО СРЕДНО ИЛИ ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ)
Ве молиме користете го овој информативен лист за собирање на Вашите документи во странскиот портал. Таму може да го подготвите Вашето барање за виза како признат квалификуван стручен кадар. Визниот оддел ќе Ви даде притоа индивидуален фидбек за Вашето барање, така што кога ќе дојдете лично на терминот ќе мора да се појавите само со неопходните документи во оригинал.
Добрата подготовка на барањето за виза може позитивно да влијае и да ја скрати постапката. При поднесување на барањето или за време на визната постапка може во поединечни случаи да бидат побарани дополнителни документи кои не се наведени тука. Нецелосно пополнети формулари или некомплетни документи може да доведат до одбивање на барањето.
За време на визната постапка Амбасадата мора да ја вклучи надлежната агенција за вработување и во одреден случај и надлежната служба за странци во Германија. Постапката по правило трае 3 до 4 недели по поднесување на барањето за виза на шалтер, во одреден случај и подолго. Амбасадата веднаш ќе Ве извести штом Вашето барање ќе биде конечно обработено. Ве молиме, воздржете се од прашања за статусот на Вашето барање во текот на вообичаеното времетраење на постапката. За визниот оддел тоа значи дополнително оптеретување и со тоа би се пролонгирала обработката на Вашето барање.
Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 1 копиja.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте)!
При поднесување на барањето потребно е да се достават следниве документи:
- 1 образец за барање на национална виза, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) на компјутер и своерачно потпишан. Ве молиме испечатете ги сите страници од барањето за национална виза и приложете ги сите страници заедно со QR-кодот.
- 1 формулар - поука, своерачно потпишани.
- 1 формулар Упатство за приложување на понуда за работно место, своерачно потпишан
- Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
- 2 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 1 фотографија залепете на предвиденото место на образецот за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
- Пасош со доволна важност, оригинал и 1 копиja. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
- Такса - таксата за апликацијата изнесува 75,00 евра. Таксата се плаќа или со кредитна картичка или во готово исклучиво во ЕВРO-банкноти, монети не се прифаќаат.
- Биографија (CV) на германски јазик, своерачно потпишана.
- Изјава за работен однос - Сојузна агенција за вработување (Erklärung zum Beschäftigungsverhältnis - Bundesagentur für Arbeit), (не постара од 6 месеци): комплетно пополнета (секоја точка) и потпишана од работодавачот, оригинал и 1 копиja.
Се препорачува работодавачот пред потпишување на договорот да се информира за висината на актуелниот личен приход за конкретното работното место во Сојузната агенција за вработување во Германија. - За лица над 45 години, дополнително:
Доказ за обезбедување на доволни средства за живот во пензија. Доказот може да сe приложи во вид на:
- минимален месечен бруто личен приход од 4.015 евра (2023)
- минимален месечен бруто личен приход од 4.152,50 евра (2024)
ИЛИ
докази за соодветни средства за покривање на животните трошоци во пензија, оригинал и 1 копиja, во одреден случај превод на германски јазик. (право на примања од државниот/приватниот пензиски фонд, животно осигурување и сл. Пример: Уверение за утврдени податоци за стаж и плата, односно Преглед на регистрирани податоци во матичната евиденција од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија - ПИОСМ).
- Доказ за завршено образование (диплома за завршено стручно образование), во оригинал и превод на германски јазик со по 1 копиja.
- Доказ за признавање на еквивалентноста на стручното образование во Германија:
уверение од надлежна германска служба за признавање, со кое се потврдува еквивалентноста на вашето стручно образование, оригинал и 1 копиja.
Признато стручно образование е предуслов за обавување/извршување на квалификувана работа/дејност во Германија. Еквивалентноста на Вашето стручно образование мора да се утврди во постапка за проверка на еквивалентност на професионални квалификации/стручно образование во Германија – Anerkennungsverfahren пред да поднесете барање за виза. Надлежната служба утврдува дали Вашето стручно образование е еквивалентно со соодветното стручно образование во Германија и издава дозвола за обавување на професијата.
Информации околу постапката, надлежни служби и потребни документи ќе најдете овде. - Подетални информации за стручен медицински персонал (медицинска сестра, болничар, негувател) со признато стручно образование ќе најдете овде.
- Доказ за завршено високо образование (диплома за завршен факултет и уверение со преглед на оценките), во оригинал и превод на германски јазик со по 1 копиja.
- Доказ за признавање на високо образование, и тоа:
1. Доказ од датотеката АНАБИН дека Вашето високо образование е признато или еквивалентно со високото образование во Германија.
Проверката во АНАБИН секогаш треба да се спроведе како во однос на факултетот така и во однос на универзитетската диплома. (Vergleichbarkeit: Hochschule H + und Abschluss: entspricht). ИЛИ
2. Процена на уверение за завршено високо образование (Zeugnisbewertung) од Централната служба за странско образование (Zentralstelle für ausländisches Bildungswesen – ZAB), оригинал и 1 копиja.
Доколку во датотеката АНАБИН Вашата универзитетска диплома не е оценета како „адекватна“ или „еквивалентна“ и/или универзитетот/факултетот не е оценет „H+“, еквивалентноста на Вашето високо образование мора да се потврди.
Информации околу постапката, надлежни служби и потребни документи ќе најдете овде. - Дополнително за професии пропишани со закон, за кои е неопходно одобрение за обавување на дејност (на пр. лекари, инженери и сл.):
Дозвола за вршење на дејност (Berufsausübungserlaubnis) од надлежната служба за признавање, оригинал и 1 копиja.
Список на професии пропишани со закон (reglementierte Berufe) ќе најдете овде. Информации околу постапката, надлежни служби и потребни документи ќе најдете овде. - Дополнително за професии пропишани со закон (лекар, ветеринар, стоматолог, фармацевт, и сл.):
- Доказ за стручно познавање на германски јазик на Ц1 ниво (Fachsprachkenntnisse), оригинал и 1 копиja.
- Признати јазични сертификати се јазичните сертификати на Гете институтот (Goethe Institut), ÖSD - австриската јазична диплома (ÖSD - Österreichisches Sprachdiplom) или јазичните сертификати на јазични училишта, кои поседуваат лиценца од Телк доо (Telc GmbH) или ECL. Подетални информации ќе најдете овде. - Дополнително за професии од областа на здравството:
- Доказ за познавање на германски јазик на Б2 ниво, оригинал и 1 копиja.
Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.
Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.
Скопје / Skopje ___________________ Потпис / Unterschrift______________________