Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
КАРТИЧКА ЗА МОЖНОСТИ
Дали сте во потрага по работно место во Германија?
Или сакате признавање на стручните квалификации за да работите во Германија?
Имате завршено најмалку стручно или високо образование?
Зборувате англиски или германски јазик?
Тогаш Картичката за можности Ви овозможува да најдете работно место во Германија без да мора да зборувате германски или веќе да имате понуда за работа.
Проверете дали ги исполнувате условите директно со Self-Check.
Картичката за можности овозможува влез во Германија до 12 месеци за барање на работно место или да почнете постапка за признавање на странските стручни квалификации.
Услов е да можете да ги финансирате Вашите трошоци за живот за време на престојот. Можете и да работите со ограничено работно време (20 часа неделно) или пробна работа додека барате постојана работа. Ако веќе имате најдено работа со скратено време, тоа може да се земе предвид при проверката на средствата за живот.
Со германска диплома или со странска диплома од средно стручно или високо образование која е еквивалентна или може да се спореди со некоја германска диплома, се сметате за „стручно лице“ во Германија и не мора да исполнувате други посебни услови освен финансирањето на животните трошоци.
Но, дури и без еквивалентна или диплома што може да се спореди, можете да добиете Картичка на можности под следниве услови:
- Можете да докажете основно познавање на германскиот јазик (А1) или
- добро познавање на англискиот јазик (B2)
како и да исполнувате еден од трите критериуми:
- Имате најмалку две години странско стручно образование кое е државно признаено во земјата каде што е стекнато, или
- Имате завршено странско високо образование кое е државно признато во земјата каде што е стекнато, или
- Имате стручна квалификација од некоја германска надворешна трговска комора која е во согласност со барањата што се поставени во Германија за слична стручна квалификација.
Повеќе информации.
Апликацијата за картичката за можности ја подготвувате онлајн на странскиот портал (Auslandsportal).Конзуларниот оддел ќе ви даде индивидуална повратна информација за Вашата апликација, така што на Вашиот термин треба само да ги донесете потребните оригинални документи.
Независно дали веќе сте признати како стручно лице (според §18 став 3 AufenthG) или се квалификувате преку системот за поени за Картичката за можности, следниве документи се задолжителни:
Образец за барање на национална виза | Образецот може да го пополните директно на странскиот портал и таму да ги прикачите потребните документи. |
Фотографија за пасош | 1 актуелна биометриска фотографија за пасош, не постара од 6 месеци, на бела заднина, со големина 45 х 35 милиметри. (Оригиналот е потребен при поднесување на барање) |
Такса | 75,00 евра (во готово во евра или со кредитна картичка) |
Валиден пасош | Пасошот мора да има најмалку 2 празни страници и да важи 3 месеци по траењето на визата. (Оригиналот е потребен при поднесување на барањето) |
Доказ за финансирање на месечните трошоци | Преку:
ИЛИ
|
Опција 1: Покрај горенаведените документи, потребни Ви се следниве документи ако аплицирате за картичката за можности како стручно лице:
Доказ за стручно или високо образование (диплома) | Дипломата треба да е преведена на германски јазик (Оригиналот е потребен да се донесе при поднесување на барањето) |
Доказ дека странската квалификација е призната во Германија | Потврда за признавање |
Лиценца за работа | САМО за регулирани професии како лекари, инженери (Оригиналот е потребен да се донесе при поднесување на барањето). |
Опција 2: Покрај горенаведените документи, потребни Ви се следниве документи ако аплицирате за картичката за можности преку системот за поени согласно §20a став 3 бр. 2 в. в. со §20b AufenthG.
За да добиете поени преку системот за поени, мора да исполнувате два основни услови:
Доказ за државно признато високо или стручно образование (со траење на образованието од најмалку две години) |
|
Јазични познавања | германски јазик (ниво А1) англиски јазик (ниво Б2) |
Ако ги исполнувате горенаведените услови, можете да собирате поени според следниве критериуми (потребни Ви се најмалку 6 поени):
Еквивалентност на квалификацијата | 4 поени Ова се докажува по пат на Решение издадено од надлежниот германски орган при постапката за признавање за делумната еквивалентност на Вашата квалификација со германската квалификација. |
Квалификација за дефицитарна професија | 1 поен Дефицитарните професии се наведени во групите 132, 133, 134, 21, 221, 222, 225, 226, 23 или 25 на меѓународната стандардна класификација на професии. Особено следниве професии се сметаат за дефицитарни: |
Работно искуство во професијата | На пример: потврда/препорака од минати работодавачи
|
Јазични вештини | Јазични сертификати со ALTE сертификација. Тука може да најдете листа со сертификатите што може да се признати Англиски |
Претходен престој во Германија | 1 поен Овој поен ќе го добиете ако можете да докажете дека во последните пет години сте престојувале законски најмалку шест месеци непрекинато во Германија. Тоа може да биде на пример: престој за студии, јазичен курс или за вработување. Не се земаат предвид туристички престои ниту посети. Како доказ може да приложите копии од стари пасоши и визите и печатите за влез ставени во нив. |
Потенцијал на брачен партнер/ партнер со кој живеете како стручно лице | 1 поен Овој поен ќе го добиете ако сте во брак и ако сакате да се доселите во Германија заедно со Вашиот/Вашата партнер/ка, а тој/таа веќе ги исполнува услугите на картичката за шанси. Важно: Вашиот брачен партнер мора да ги исполнува и основните услови (види Точка 1 и 2 кај Опција 2) и да освои 5 поени односно да ги исполнува условите од Опција 1. Воедно апликацијата за виза мора да биде поднесена на истото место и мора заедно да влезете во Германија односно да планирате заедно да влезете. |
Возраст |
Нема поени за апликации по 40 години. |