Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Контингент за краткорочни вработувања (член 19ц став 1 во врска со член 15д од германската Регулатива за вработување BeschV)

Текст

Во одредени бранши и индустрии постои можност за краткорочно вработување, за да се покрие  зголемената потреба од работници во временски ограничена сезона.  Па поради тоа,  работодавачите имаат на располагање светски контигент на годишно ниво, така што тие можат да се обратат до Сојузната агенција за вработување и да поднесат барање за првична согласност.
Притоа работната дејност којашто се бара не смее да биде квалификувана дејност.
Со добиена првична согласност од Сојузната агенција за вработување, може успешно да се поднесе барање за виза за краткорочно вработување во смисла на член 15д од Регулативата за вработување.

Ве молиме, прочитајте го овој информативен лист внимателно, испечатете го и потпишан, донесете го кога ќе поднесувате барање за виза. Ве молиме, регистрирајте се за термин, само ако ги исполнувате сите услови и ако можете да ги приложите сите потребни документи. Ако условите не се исполнети односно ако не може да се докаже нивното исполнување врз основа на документите, тогаш не може да се даде виза.
Со добра подготовка може позитивно да влијаете врз постапката и да ја скратите. Во поединечни случаи може да побараме дополнителни документи за време на постапката за виза, кои тука не биле споменати. Но, нецелосно пополнети барања или нецелосна документација може да води кон одбивање на барањето.
По потреба, амбасадата ќе мора да ја вклучи и надлежната служба за странци во Германија. Во таквите случаи, постапката може да се одолговлечи, за жал. Сепак поради краткорочната намена на оваа правна основа за виза, ќе се направат напори за што е можно побрза обработка на случајот.  Штом барањето конечно се обработи, ќе бидете известени. Ве молиме, не прашувајте за статусот на барањето во редовното времетраење за обработка од четири недели. На тој начин, создавате дополнителна работа за визното одделение и уште повеќе ја одолговлекувате обработката.

Ве молиме сортирајте ги документите и подредете ги во пропишаниот редослед. Следниве документи мора да се приложат во оригинал и во 1 копија од оригиналот.
Ве молиме, спојте ги документите само со спојувалка (не ги хефтајте!)!

При поднесување на барање треба да се приложи/докаже следново:

  • 1 образец – барање за виза, целосно пополнет на латиница (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и потоа своерачно потпишан. Ве молиме, испечатете ги сите страници од барањето и приложете ги сите страници заедно со QR-кодот.
  • 1 Формулар – Поука, своерачно потпишана.
  • 1 формулар Упатство за приложување на понуда за работно место, своерачно потпишан
  • Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет на латиница (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и потоа своерачно потпишан.
  • 2 актуелни биометриски фотографии за пасош, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со димензии: 45 х 35 милиметри. 1 фотографија се лепи на предвиденото место на образецот за барање на виза, а другата фотографија се приложува посебно неприкачена.
  • Важечки  пасош, во оригинал и 1 копија. На пасошот мора да има минимум 2 празни страници.
  • Такса – таската изнесува 75,00 евра. Таксата може да се плати во готово само во ЕВРО-банкноти (не се прифаќаат железни монети), или со кредитна картичка.
  • Првична согласност од Сојузната агенција за вработување, оригинал и 1 копија.
  • Изјава за работен однос – Сојузна агенција за работа (не постара од 6 месеци): целосно пополнета (секоја точка) и потпишана од работодавачот, во оригинал и 1 копија.
  • Дополнителен документ за престој во рамките на контингентот за краткорочни вработувања, дополнителен документ Д- Сојузна агенција за работа (не постар од 6 месеци): целосно пополнет и потпишан од работодавачот, во оригинал и 1 копија.

Почеток на страницата