Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Дигитално поднесување на барање за виза преку странски портал
Од 18.06.2024 квалификувани подносители на барање за виза можат и онлајн да ги подготват своите барања за виза преку странскиот портал!
Во странскиот портал може како квалификувана стручна сила да Ви биде проверено Вашето барање од страна на Визниот оддел.
Откако ќе имате отворено свој личен профил, сте го пополниле формуларот за поднесување на барање и сте ги прикачиле потребните документи, ќе добиете директен фидбек од Визниот оддел. Ќе Ви биде укажана индивидуална помош при собирањето и подготовката на Вашите документи.
Штом Вашето барање ќе биде целосно, ќе добиете можност да го внесете Вашиот посакуван термин. Кога лично ќе дојдете, ќе мора да ги донесете само уште документите и уверенијата што се наведени на индивидуализираната чек-листа, коишто мора да бидат приложени во оригинал. Веќе не е доволно дупликат или копии од Вашите документи.
Ова поедноставување на постапката им стои на располагање исклучиво на стручни лица со признато професионално и академско образование (сп. § 18 а & б Закон за престој) како и за подносители на барање за Сина карта (сп. § 18 г Закон за престој).