Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Барање место за студирање (§17 Abs. 2 AufenthG)

15.01.2025 - Текст

Ве молиме користете го овој информативен лист за да ги комплетирате Вашите документи во порталот за дигитално поднесување на барања во странство. Таму подгответе го дигитално Вашето барање за започнување на образование. Визниот оддел ќе Ви даде индивидуален фидбек на барањето, за кога ќе имате лично термин да дојдете само со документите што треба да бидат приложени во оригинал, согласно набројувањето подолу. 

Штом барањето ќе биде темелно проверено, ќе бидете известени и ќе добиете линк за резервација на терминот. Ве молиме во меѓувреме паралелно да не резервирате термин преку регуларниот систем на термини на Амбасадата. Вашиот термин во Амбасадата се одвива брзо и ефикасно: ги приложувате оригинал документите, оставате биометриски податоци (отпечаток на прсти и слика) и ја плаќате таксата. 

За подготовка на барањето потребни се следниве документи:
 

  • Формулар за поднесување на барање. Формуларот за поднесување на барање може да го пополните директно во порталот за странство и таму да ги прикачите потребните документи. 
  • Фотографија за пасош, 1 актуелна биометриска фотографија, не постара од 6 месеци, на бела заднина, со големина 45 х 35 милиметри (оригиналот треба да се приложи кога ќе дојдете лично на терминот).
  • Валиден пасош. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни и пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата (оригиналот треба да се приложи кога ќе дојдете лично на терминот).
  • Такса - 75,00 евра (во готово во ЕВРO-банкноти или со кредитна картичка).
  • Биографија (CV) на германски јазик, за досегашното образование, во даден случај и професионално искуство, своерачно потпишана.
  • Мотивационо писмо на германски јазик, со податоци за планираните студии, планираниот престој, сместување и сл., своерачно потпишано.
  • Доказ за финансирање на престојот, месечниот нето износ за покривање на трошоците за престој треба да изнесува 1.091,- евра, и тоа во вид на:

    Гарантно писмо од Германија – Verpflichtungserklärung (издадено од Службата за странци) за целокупниот престој од страна на лице кое живее и работи во Германија (да се приложи оригиналот на терминот) или

    Потврда од банка во Германија за отворена блокирана сметка (Sperrkonto) на Ваше име со месечен износ од 1.091,- евра, (да се приложи оригиналот на терминот).
  • Доказ за завршено образование, диплома за признато или еквивалентно образование, кое овозможува упис на високообразовна установа во Германија, (да се приложи оригиналот на терминот). 
  • Доказ/испечатен примерок  од датотеката АНАБИН дека Вашето образование овозможува упис на високообразовна установа во Германија.
  • Доказ за јазични познавања:
    Доколку веќе имате јазични познавања:
    Официјален јазичен сертификат (минимум на Б2 ниво или потребното јазично ниво за студирање) 
    (оригиналот треба да се приложи кога ќе дојдете лично на терминот)
    или
    Доколку сакате да ги стекнете јазичните познавања за време на планираниот престој:
    Доказ за упис на јазичен курс во Германија, со податоци за времетраењето на курсот и интензитетот на наставата 
    (оригиналот треба да се приложи кога ќе дојдете лично на терминот).

    Признати јазични сертификати се јазичните сертификати на Гете институтот (Goethe Institut), ÖSD - австриската јазична диплома (ÖSD - Österreichisches Sprachdiplom) или јазичните сертификати на јазични училишта, кои поседуваат лиценца од Телк доо (Telc GmbH) или ECL. Подетални информации ќе најдете овде.

Престој за барање место за студирање може да се додели максимум за 9 месеци.

Барањето може да биде препратено само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени, не постои можност за враќање на таксата за апликацијата.

Почеток на страницата