Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Студирање (§16 b AufenthG)
Ве молиме користете го овој информативен лист за да ги комплетирате Вашите документи во порталот за дигитално поднесување на барања во странство. Таму подгответе го дигитално Вашето барање за започнување на образование. Визниот оддел ќе Ви даде индивидуален фидбек на барањето, за кога ќе имате лично термин да дојдете само со документите што треба да бидат приложени во оригинал, согласно набројувањето подолу.
Штом барањето ќе биде темелно проверено, ќе бидете известени и ќе добиете линк за резервација на терминот. Ве молиме во меѓувреме паралелно да не резервирате термин преку регуларниот систем на термини на Амбасадата. Вашиот термин во Амбасадата се одвива брзо и ефикасно: ги приложувате оригинал документите, оставате биометриски податоци (отпечаток на прсти и слика) и ја плаќате таксата.
За подготовка на барањето потребни се следниве документи:
- Формулар за поднесување на барање. Формуларот за поднесување на барање може да го пополните директно во порталот за странство и таму да ги прикачите потребните документи.
- Фотографија за пасош, 1 актуелна биометриска фотографија, не постара од 6 месеци, на бела заднина, со големина 45 х 35 милиметри (оригиналот треба да се приложи кога ќе дојдете лично на терминот).
- Валиден пасош. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни и пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата (оригиналот треба да се приложи кога ќе дојдете лично на терминот).
- Доказ за признато завршено образование:
За додипломски студии: диплома за положена државна матура, да се приложи оригиналот и превод на германски јазик кога ќе дојдете лично на терминот.
За семестар во странство како размена на студенти: индекс, уверение за положени испити, да се приложи оригиналот и превод на германски јазик кога ќе дојдете лично на терминот.
За магистерски студии: диплома, да се приложат оригиналот и превод на германски јазик кога ќе дојдете лично на терминот. - Доказ за финансирање на престојот и студиите, месечниот нето износ за покривање на трошоците за престој треба да изнесува 992,- евра, и тоа во вид на:
Гарантно писмо од Германија – Verpflichtungserklärung (издадено од Службата за странци) за целокупниот студиски престој од страна на лице кое живее и работи во Германија, да се приложи оригиналот на терминот.
или
Потврда за стипендија, доколку сте добиле стипендија, да се приложи оригиналот на терминот.
Во случај на делумна стипендија, разликата мора да се докаже со гарантно писмо или блокирана сметка.
или
Потврда од банка во Германија за отворена блокирана сметка (Sperrkonto) на Ваше име со месечен износ од 992,- евра или најмалку 11.904,- евра за престој од 1 година, (да се приложи оригиналот на терминот). - Доказ за предвидениот студиски престој во Германија:
Доколку веќе сте примени на универзитетот во Германија:
потврда од универзитетот во Германија за обезбедено место на факултетот – Zulassungsbescheid.
Доколку поднесовте барање за издавање на потврда за обезбедено место на факултет во Германија, но се уште не ви е доставена:
потврда од универзитетот за прием на барањето.
Доколку пред започнување на студиите треба да посетувате јазичен курс:
потврда од универзитетот или потврда од јазичното училиште. - Доказ за јазични познавања: доколку за вашите студии се потребни одредени јазични познавања, потребно е да се докажат познавања на германски или кај англиски студиски програми познавања на ангислки јазик:
Официјален јазичен сертификат на потребното јазично ниво, во оригинал и 1 копија.
Јазични сертификати или потврди, кои само го потврдуваат учеството на јазичен курс НЕ СЕ ПРИФАЌААТ.
Подетални информации за признати сертификати за доказ за познавање на германски јазик ќе најдете овде.
Напомена: Поднесувањето на барањето е бесплатно.
Барањето може да биде препратено само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени, не постои можност за враќање на таксата за апликацијата.