Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Што можам да направам ако барањето за виза ми е одбиено?

Текст

Од 01.07.2025 година веќе нема да може да се поднесува жалба против решението за одбиена виза во дипломатското-конзуларно претставништво. Жалбите коишто ќе бидат упатени до Амбасадата нема да имаат никакво правно дејство и нема да бидат обработени. Од таа причина, нема ни да се испраќа потврда за прием, ниту пак ќе се дава одговор за статусот на обработката. 

Оние жалби по решенија за одбивање, кои биле примени со датум пред 01.07.2025 година ќе се обработуваат до крај. 

По 01.07.2025 на располагање Ви се следниве опции откако барањето за виза Ви било одбиено

  1. Можете во секое време да поднесете ново барање за виза, што начелно е поврзано со трошоци.
    Во новото барање за виза треба одново да ги приложите сите релевантни документи и докази. Новото барање за виза ќе се проверува неутрално врз основа на важечките законски прописи. 
     
  2. Може да поведете тужба против решението за одбиена виза пред Управниот суд во Берлин, што е повлекува трошоци..

    Решението за одбиена виза содржи обврзувачка правна поука со податоци за правниот лек (тужбата), надлежниот орган (Управен суд Берлин) и рокот (1 месец по обелоденување на решението).

    Можете да ангажирате адвокат да Ви ја поведе тужбата; но не сте обврзани на тоа. Ако ангажирате адвокат, може да настанат посебни трошоци за адвокатот.

    Јазикот на судот е германски (Член 184 од Законот за судовите).

    Судската постапка задолжително има трошоци. Самиот суд ја одредува висината на судските трошоци. Начелно, судските трошоци се плаќаат авансно директно при поднесување на тужбата. Висината зависи од бројот на бараните визи. Вредноста на спорот изнесува начелно 5.000,00 евра по еден барател на виза, така што во моментов се наплаќа судска такса во висина од околу 480 евра за една постапка. Може да се побара од судот помош во форма на додаток за плаќање на трошоците на постапката, а таквата помош начелно се доделува само ако постојат изгледи за успешен резултат во тужбената постапка. Само Управниот суд може да даде одговор на сите прашања за судските трошоци и прописите со кои тие се уредуваат.

    Самиот суд го одредува точното времетраење и текот на судската постапка. Амбасадата не може да даде конкретен одговор на ова прашање. Но, начелно треба да се земе предвид период од неколку месеци за обработка на предметот. Обработката може да се забрза преку итна постапка, но само под специфични услови. За итна постапка (барање за предвремена правна заштита) се плаќа дополнителна посебна судска такса.

    Повеќе информации за управната постапка во врска со визи, особено на тема трошоци, имате на веб страницата на Управниот суд во Берлин

    Информативен лист на Управниот суд во Берлин за постапка за визни спорови.

    Овој информативен лист има исклучиво необврзувачки информативен карактер и не гарантира целосност на информациите. Ве молиме, самите информирајте се. 


     

Почеток на страницата