Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Укинување на постапката за поднесување на жалба од 01 јули 2025 година
Досегашната доброволно одобрена постапка за поднесување на жалба се укинува од 1.07.2025 ширум светот, за да може да се обработат повеќе барања за визи и да се скрати времето на чекање на одлуките за визите.
Ако Вашето барање за виза биде одбиено по 01.07.2025 година, Ве молиме да не поднесувате жалби до Амбасадата. Амбасадата нема веќе да обработува вакви жалби.
Против одбивањето на Вашето барање за виза може да преземете правни мерки на тој начин што ќе поднесете жалба до Уставниот суд Берлин (Германија). Таа мора да е на германски јазик и тука настануваат судски трошоци.
Важи повеќе од кога било: намалете го ризикот од одбивање, со тоа што уште од почеток ќе ги доставите потребните документи во целост. Ако Визниот оддел Ви побара дополнителни документи, Ве молиме доставете ги навреме.
Секако дека и по одбивањето на барањето, секогаш имате можност да поднесете ново барање за виза.