Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Приклучување кон семејство преку порталот за странци

16.02.2026 - Текст

Ве молиме, користете го ова упатство за да ги подготвите Вашите документи на порталот за странци. Таму ќе го подготвите дигитално Вашето барање за приклучување кон семејство. Визната служба ќе Ви даде индивидуална повратна информација во врска со Вашето барање, така што ќе морате да дојдете лично на интервју само со оригиналните документи според листата подолу што треба да ги приложите.

Откако барањето ќе биде првично прегледано, ќе бидете известени и ќе добиете линк за резервирање термин. Ве молиме, не резервирајте во меѓувреме дополнителен термин преку редовниот систем за резервирање термини на Амбасадата. Вашиот термин во Амбасадата ќе биде брз и ефикасен: ќе ги донесете оригиналните документи, ќе ги дадете Вашите биометриски податоци (отпечатоци и фотографија) и ќе ја платите таксата.

Следните документи се потребни за подготовка на Вашето барање:

  • Формулар за апликација: Можете да го пополните формуларот за апликација директно на Порталот за странци и да ги прикачите потребните документи таму.
  • Фотографија за пасош: 1 актуелна биометриска фотографија за пасош, не постара од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 x 35 милиметри. (Оригиналот е потребен на интервјуто).
  • Важечки пасош: Пасошот мора да содржи најмалку 2 празни страници и да важи 3 месеци по истекот на визата. (Оригиналот е потребен на интервјуто).
  • Надомест: 75,00 евра за возрасни и 40,00 евра за деца (во евро-банкноти во готовина или со кредитна картичка). Барањето за приклучување кон германски државјани е бесплатно.

  • Копија од пасошот на брачниот другар
  • Меѓународен извод од книгата на венчаните, или доколку има, германски извод на венчаните. (Оригиналот е потребен на интервјуто)
  • Пријава на живеалиште на брачниот другар
  • Доколку Вие и/или Вашиот брачен другар претходно сте биле во брак: Решение за развод, вклучувајќи го евентуалниот превод на германски јазик и Признавање (Оригиналот е потребен на интервјуто).

Покрај тоа, ќе Ви требаат следниве конкретни документи:

  • Дозвола за престој на брачниот другар, или алтернативно, виза или привремена потврда за престој (Fiktionsbescheinigung)
  • Доказ за познавање на германски јазик на ниво A1 (Оригиналот е потребен на интервјуто)
    Признати сертификати за познавање јазик се сертификатите од Гете-Институтот, австриската јазична диплома ÖSD или сертификат од училиште сертифицирано од TELC или ECL. Тука има повеќе информации за Доказ на познавање на германски јазик и Ослободени исклучоци од доказ на основни познавања на германски јазик.

Доказ за познавање на германски јазик на ниво A1 (Оригиналот е потребен на интервјуто).
Признати сертификати за  познавање јазик се сертификатите од Гете-Институтот, австриската јазична диплома  ÖSD или сертификат од училиште сертифицирано од TELC или ECL. Тука има повеќе информации за Доказ на познавање на германски јазик и Ослободувања од обврската да докажат познавања на германски јазик.
 

Договор за закуп и потврда за плата на брачниот другар, пресметка на исплатена плата за последните 3 месеци.


 

  • Пријава на живеалиште на идниот брачен другар
  • Копија од пасошот на идниот брачен другар, доколку брачниот другар не е државјанин на Германија
  • Доказ од надлежен матичен орган дека се исполнети условите за брак т.е. уверение за слободна брачна состојба (Оригиналот е потребен на интервјуто)
  • Доказ за познавање на германски јазик на ниво A1 (Оригиналот е потребен на интервјуто).
    Признати сертификати за  познавање јазик се сертификатите од Гете-Институтот, австриската јазична диплома  ÖSD или сертификат од училиште сертифицирано од TELC или ECL. Тука има повеќе информации за Доказ на познавање на германски јазик и Ослободувања од обврската да докажат познавања на германски јазик.
     

  • Меѓународен извод на родените (Оригиналот е потребен на интервјуто)
  • Пријава на живеалиште на родителите кои живеат во Германија
  • Копии од пасошите на двата родители, и доколку има, со дозвола за престој
  • Доколку е релевантно, Решение за развод со одлука за старателство и родителска грижа (Оригиналот е потребен на интервјуто)
  • Во случај на приклучување кон само еден родител: Нотарска изјава за согласност од родителот кој останува во земјата дека се согласува детето да се пресели во Германија, со апостил печат и превод на германски јазик (Оригиналот е потребен на интервјуто)
  • Доколку е релевантно, одлука за посвојување (Оригиналот е потребен на интервјуто).

Дополнително за малолетници на возраст од 16-18 години:
Доказ за познавање на германски јазик на ниво C1, во оригинал и 1 копија.
Признати сертификати за  познавање јазик се сертификатите од Гете-Институтот, австриската јазична диплома  ÖSD или сертификат од училиште сертифицирано од TELC или ECL. Тука има повеќе информации за Доказ на познавање на германски јазик и Ослободувања од обврската да докажат познавања на германски јазик
 

  • Извод на родените на германското дете (Оригиналот е потребен на интервјуто)
  • Копија од пасошот на германското дете, евентуално, доказ за германско државјанство
  • Пријава на живеалиште на германското дете или другиот родител
  • Копија од пасошот на другиот родител, евентуално, со дозвола за престој
  • Кај родители во брак: меѓународен извод на венчаните, доколку е релевантно, германски извод на венчаните (Оригиналот е потребен на интервјуто)
  • Кај родители кои не се во брак: Признавање на татковство и одлука за старателство и родителска грижа (Оригиналот е потребен на интервјуто).
     

Приклучувањето до други членови на семејството е генерално можно само со цел да се избегнат исклучително тешки околности (види § 36 став 2 од германскиот закон за престој - AufenthG). Ќе се бара значително отстапување од редовните услови за приклучување кон семејство (§§ 27 до 32 AufenthG). За тоа е потребно да постои животен случај кој е толку тежок и сериозен во конкретниот случај, што одбивањето на дозвола за престој би предизвикало неподнослив товар за странецот, што исклучително го оправдува издавањето на визата. Па затоа, доказите за ова мора да бидат соодветно обемни и логично и веродостојно прикажани.  Самиот факт дека постои попреченост или болест не е доволен.

  • Меѓународен извод на родените (Оригиналот е потребен на интервјуто)
  • Пријава на живеалиште на референтното лице кое живее во Германија
  • Копии од пасошите на референтното лице кое живее во Германија, и доколку има, со дозвола за престој
  • Меѓународен извод на родените на референтното лице кое живее во Германија (Оригиналот е потребен на интервјуто)
  • Доказ за исклучително тешки околности (зависи од конкретниот случај):
    Докази за видот и сериозноста на болеста/попреченоста и потребата од нега, со превод на германски јазик (оригиналот е задолжителен на интервјуто).
    Докази дека нема други можни лица за грижа/поддршка во Северна Македонија, на пример, меѓународни изводи од умрените, судски пресуди итн., доколку е потребно, превод на германски јазик (оригиналот е задолжителен на интервјуто).
    Други докази дека лицето што се приклучува зависи од поддршката за живот што ја добива од членот на семејството што живее во  Германија, доколку е потребно превод на германски јазик (оригиналот е задолжителен на интервјуто).
     
 

Во постапката за виза, Амбасадата мора да го вклучи надлежниот орган за странци во Германија. 
По правило, постапката може да трае 12 недели по поднесување на апликацијата на шалтер. Веднаш штом апликацијата ќе биде конечно обработена, ќе бидете известени. Ве молиме, избегнувајте  да поставувате прашања за статусот на барањето во редовното време на обработка. Тие претставуваат дополнителен товар за визниот оддел и го забавуваат процесот на обработка.

Почеток на страницата