Добредојдовте на веб-страницата на Министерство за надворешни работи
Информација согласно чл. 13 и 14 Регулатива (EU) 2016/679 (Europäische Datenschutz-Grundverordnung - DSGVO)
Германското министерство за надворешни работи ги користи Вашите лични податоци при обработката на Вашето барање. Лични податоци се сите информации што се однесуваат на физичко лице што е идентификувано или може да се идентификува
- Кој е одговорен за обработка на моите податоци и кој е одговорно лице за заштита на податоците?
- Кои податоци ги обработува Амбасадата кога ќе поднесам барање за виза и од каде потекнуваат овие податоци?
- Кои податоци ги обработува Амбасадата, ако јас дадам покана за некое лице, за тоа лице потоа со поканата да побара виза и од каде потекнуваат тие податоци?
- Зошто се собираат моите податоци и што ќе се случи ако тоа не се направи?
- За какви цели и врз која законска основа се обработуваат моите податоци?
- Колку долго ќе се користат моите податоци?
- Кој ги добива моите податоци?
- Кои права за заштита на податоците можам да ги остварам како засегнато лице?
- Каде можам да се жалам?
Германското министерство за надворешни работи ги користи Вашите лични податоци при обработката на Вашето барање. Лични податоци се сите информации што се однесуваат на физичко лице што е идентификувано или може да се идентификува. За да Ви ја појасниме обработката на податоците и да ја исполниме нашата обврска за информирање согласно чл. 13 и 14 од Европската регулатива за заштита на податоци, Ве информираме за следново:
Кој е одговорен за обработка на моите податоци и кој е одговорно лице за заштита на податоците?
Одговорен за обработка на Вашите лични податоци согласно член 4 бр. 7 DSGVO се германското Министерство за надворешни работи и германските амбасади, кои заедно сочинуваат една унифицирана сојузна служба.
Амбасада на Сојузна Република Германија
Ул. Леринска бр. 59
1000 Скопје
Тел: +389 2 309 39 00
факс: +49 30 1817 67272
веб-страна: www.skopje.diplo.de
формулар за контакт: https://skopje.diplo.de/mk-de/botschaft/kontakt-formular
Министерство за надворешни работи на СР Германија
Auswärtiges Amt
Werderscher Markt 1
D-10117 Berlin
(адреса: Auswärtiges Amt, D-11013 Berlin).
тел.: +49 30 18-17-0
факс: +49 30-18-17-3402
веб-страна: www.auswaertiges-amt.de
формулар за контакт: www.auswaertiges-amt.de
Одговорното лице за заштита на лични податоци во германското МНР ќе го добиете на следниот начин:
Datenschutzbeauftragter des Auswärtigen Amts
Werderscher Markt 1
D-10117 Berlin
тел.: + 49 30 18-17 0
формулар за контакт: www.auswaertiges-amt.de/
Кои податоци ги обработува Амбасадата кога ќе поднесам барање за виза и од каде потекнуваат овие податоци?
Во категоријата на лични податоци што се обработуваат, спаѓаат податоците што се бараат во формуларот за виза. Тука спаѓаат по правило, пред сè, Вашето презиме, моминско презиме, име, ден и место, држава на раѓање, пол, државјанство(а), Вашата брачна состојба, актуелна адреса, телефонски број, е-пошта, професионална дејност, податоци за патната исправа (тип на документ, сериски број, држава и служба што го издава документот, датум на издавање, валидност на документот), фотографија и отпечатоци од прсти.
При аплицирање за национална виза, потребни се и дополнителни податоци: податоци за сопруг/сопруга/животен сопатник/сопатничка, податоци за деца, родители, претходни престои, цел на престојот, претходни казни, депортации, здравствена состојба.
Именуваните категории на податоци потекнуваат од податоците што сте ги навеле во визната постапка.
Кои податоци ги обработува Амбасадата, ако јас дадам покана за некое лице, за тоа лице потоа со поканата да побара виза и од каде потекнуваат тие податоци?
Категориите на лични податоци што се обработуваат вклучуваат податоци за лицето што кани од формуларот за виза. Тие спаѓаат Вашето име и презиме, адреса и е-пошта.
Горенаведените податоци се земаат од информациите што Вие ги наведувате во поканата како и од податоците кои барателот ги дал за време на визната постапка.
Зошто се собираат моите податоци и што ќе се случи ако тоа не се направи?
Вашите податоци се собираат затоа што тоа е потребно за прописно спроведување на визната постапка и е законски пропишано. Ако аплицирате за виза, обврзани сте да ги дадете потребните податоци за обработка на Вашето барање според § 82 од Законот за престој (AufenthG). Ако Вашите податоци не се обезбедени, барањето може да биде одбиено, а трошоците за обработка наплатени.
За какви цели и врз која законска основа се обработуваат моите податоци?
Обработката на Вашите лични податоци служи исклучиво за прописно спроведување на визната постапка.
Законската основа е според член 6, став 1, алинеја в) и д), став 2 од Регулативата (EУ) 2016/679 (DSGVO) во врска со Регулативата (EЗ) бр. 767/2008 (VIS-регулатива) и Регулативата (EЗ) бр. 810/2009 (Visakodex) вклучувајќи ги прилозите т.е. членовите 72a фф од Законот за престој (AufenthG) и член 69 од Подзаконскиот акт за престој (AufenthV) и Регулативата за имплементација на Законот за централен регистар на странци (AZRG-DV), Законот за предупредувачка датотека за визи (VWDG) и евентуално други специјални прописи или член 3 од сојузниот Закон за заштита на податоците (BDSG 2018).
Колку долго ќе се користат моите податоци?
Вашите податоци ќе бидат избришани кога веќе нема да бидат потребни за спроведување на визната постапка. По правило, бришењето се врши две години по завршување на визната постапка, но најмногу пет години по правосилната одлука за поднесеното барање за виза.
Кој ги добива моите податоци?
Вашите податоци се пренесуваат на трети страни само ако тоа е потребно за прописно спроведување на визната постапка. Во рамките на постапката може да се случи Вашите лични податоци да бидат пренесени до релевантните германски органи за внатрешни работи, до надлежните визни служби и централни органи на други држави од Шенген зоната, или до надлежните служби на местото на Вашето постојано живеалиште. Пренесување на приматели надвор од Европската Унија се врши само ако тоа е дозволено според поглавје V од DSGVO.
Доколку некој надворешен вршител на услуги е задолжен за спроведување на одредени чекори во визниот процес, тогаш Вашите податоци може да бидат сочувани од него т.е. да му бидат доставени доколку тоа е потребно за спроведување на постапката. Надворешниот вршител на визната услуга прима барања за визи во рамките на задачата за којашто е ангажиран и тие ги доставува до Амбасадата т.е. до Генералниот конзулат. Вршителот на услуги за виза е обработувач на личните податоци во смисла на член 28 од DSGVO по налог на германското Министерство за надворешни работи. Германското министерство за надворешни работи останува да биде одговорно за обработката на податоците (името и податоците за контакт на одговорното лице в. под 1). Изведувачот на налогот за обработка гарантира дека обработката на Вашите податоци е во согласност со барањата на DSGVO и BDSG и дека Вашите права се заштитени. Германското министерство за надворешни работи склучило договор со изведувачот кој содржи одредби од член 28, став 3 од DSGVO и обезбедува соодветно користење на Вашите податоци.
Податоците што ги давате во формуларот за Шенген виза (C-виза), фотографиите, отпечатоците од прсти како и податоците за одлуката по Вашето барање за виза, или одлуката за поништување, стопирање и или продолжување на визата се внесуваат во системот за визни информации VIS и се чуваат максимум до пет години; службите за виза и службите надлежни за контрола на виза на надворешните граници и во државите-членки, како и органите за миграција и азил во државите-членки, имаат пристап до тие податоци тие пет години, за да проверат дали се исполнети условите за легален влез и престој на територијата на државите-членки, за да идентификуваат лица кои не ги исполнуваат или престанале да ги исполнуваат тие услови, за да го проверат барањето на азил и за да одлучат кој е одговорен за таа проверка. За да се спречат и откријат терористички и други тешки кривични дела, и за да се спроведе истрага, одредени органи на државите-членки и Европол имаат пристап до тие податоци под одредени услови. Одговорна институција на државата-членка за обработка на податоците е: Bundesverwaltungsamt, D-50728 Köln, eu-zentrale-services@bva.bund.de.
Обработката на податоците во VIS се врши во соработка со германското Министерство за надворешни работи. Сојузната управна служба и германското Министерство за надворешни работи склучија договор за заедничка одговорност за обработка на лични податоци според член 26 од Регулативата (EУ) 2016/679 (DSGVO).
Можете да поднесете барање до Сојузната управна служба (Bundesverwaltungsamt) за да добиете информациј, кои Ваши податоците и од која држава-членка се чуваат во VIS.
Повеќе информации за обработката на податоците во VIS можете да најдете тука: https://skopje.diplo.de/mk-de/service/05-visaeinreise/2771420-2771420
Кои права за заштита на податоците можам да ги остварам како засегнато лице?
Како засегнато лице, ги имате следните права ако се исполнети условите:
• Право да добиете информации (член 15 DSGVO)
• Право на исправка (член 16 DSGVO)
• Право на бришење (член 17 DSGVO)
• Право на ограничување на обработката (член 18 DSGVO)
• Право на преносливост на податоците (член 20 DSGVO)
• Право на приговор против обработката (член 21 DSGVO)
Каде можам да се жалам?
Имате право да поднесете жалба до некоја Служба за надзор на заштита на податоците во врска со обработката на Вашите лични податоци. Службата за надзор што е надлежна за германското Министерство за надворешни работи и германските амбасади е:
Die Bundesbeauftragte für den Datenschutz und die Informationsfreiheit, Graurheindorfer Str. 153, 53117 Bonn, Tel.: +49 228-997799-0, poststelle@bfdi.bund.de, www.bfdi.bund.de