Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Германски институции во Република Северна Македонија

Следните германски институции имаат претставништва односно канцеларии во Република Северна Македонија.
Опис и контакти на институциите

Гете-институт е културна институција на Сојузна Република Германија која својата дејност ја извршува низ целиот свет. Го афирмира учењето на германскиот јазик во странство и негува меѓународна културна соработка.

Канцеларијата на ДААД во Скопје Ви нуди информации околу стипендиската програма на ДААД.

Билатералната развојна соработка почна во 1992 година. Денес, Друштвото за меѓународна соработка има 8 делегирани лица од Германија и 36 локални соработници, кои се активни во Република Северна Македонија.

Делегацијата на германското стопанство во Република Северна Македонија е основано во 2000 година во Скопје како Застапништво на Унијата на германските комори за индустрија и трговија (ДИХК)од Берлин.

Финансиската билатерална соработка меѓу Германија и Република Северна Македонија преку KfW почна во 1997 година. Денес, КфВ пред сé е активна во областите енергетика, комунална инфраструктура и одржлив развој на стопанството.

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) е германска политичка фондација. Со своите програми и проекти активно придонесува за меѓународната соработка и комуникација. Основните принципи на работата на Фондацијата “Конрад Аденауер” се слободата, правдата и солидарноста.

Фондацијата Фридрих Еберт (Friedrich-Ebert-Stiftung) – ФЕС е најстарата политичка фондација во Германија, со богата традиција во социјалдемократијата која датира уште од нејзиното основање во 1925 год.

DVV ја отвори својата прва канцеларија во Југоисточна Европа во 1998 година токму во Република Северна Македонија. Институтот е важен партнер во врска со образованието на возрасни во земјата.