Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Мали проекти на амбасадата

Текст

Финансиската поддршка на Малите проекти е овозможена од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи, со цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој во Република Северна Македонија. За постигнување на таа непосредна цел која ќе биде од заедничка корист, се финансираат, на пример, набавки на различна опрема. Текот на проектите е ограничен на една календарска година. 

Со осврт на повеќе од 20 години, Амбасадата во целата држава има успешно имплементирано повеќе од 100 мали проекти.

Објаснување за тоа, кои проекти се поддржуваат како и за постапката, се дадени во информацијата, која можете да ја симнете од оваа страна.

Заинтересираните проектни партнери можат своите проектни идеи, за почеток најнеформално, да ни ги претстават преку формуларот за контакт.

Ве молиме без телефонски јавувања!

Упатство

Почеток на страницата