Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Поодршка за средното стручно училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола

Галерија на фотографии

На 12 јуни г. амбасадорот на Сојузна Република Германија Томас Герберих директорот на средното стручно училиште „Ѓорѓи Наумов“ г-дин Владимир Роме, и градоначалничката на општина Битола, г-а Наташа Петровска потпишаа договор за донација во висина од 5.432,- евра.

Во училиштето учат вкупно 660 ученици во 33 класа, кои се образуваат за електротехнички струки.

Со овој проект Амбасадата го финансира опремувањето на кабинетите по наставните предмети физика и електроенергетика, а подобрувањето на условите и можноста од практична настава ќе влијае позитивно на квалитетот на наставата како и на мотивацијата на учениците и наставниците при предавањата.

Финансиската поддршка на мали проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија има за цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој на земјата-домаќин.

Поодршка за средното стручно училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола

Почеток на страницата