Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Поддршка за Средното стручно училиште „Св. Кирил и Метод“ во Охрид

01.11.2019 - Галерија на фотографии

На 31 октомрви 2019 год. амбасадорот Томас Герберих, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и директорката на средното стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“, Славица Костоска потпишаа договор за донација за опремување на училница по практична настава во висина од 5.589,- евра.

Стручното училиште „Св. Кирил и Методиј“ образува кадри од медицинска и економска струка.Средствата од Германската амбасада ќе бидат употребени за набавка на надгледни средства за спроведување на практична настава на медицинската насока.

Финансиската поддршка од Малите проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија има за цел унапредување на социјалниот и економскиот развој на земјата домаќин.

Поддршка за Средното стручно училиште „Св. Кирил и Метод“ во Охрид

Почеток на страницата