Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Поддршка за детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани

Галерија на фотографии

На 02.09.2016 год. заменик амбасадорот, г-динот Марко Акватичи, г-дин Ратко Димитровски, градоначалник на градот Кочани, и г-а Лидија Серафимова, директорка на детската градинка „Вавлина Велјанова“ од Кочани, потпишаа договор за финансиска поддршка за градинката во висина од 284.905,- денари или 4.644,- евра.

Германската амбасада го поддржува опремувањето на две простории за група од предучилишна возраст во училиштето. Ќе бидат набавени креветчиња за пладневен одмор, столчиња, и масички. На тој начин ќе се овозможат услови за уште 74 деца да можат да посетуваат предучилишна група каде местата се ограничени.

Германската поддршка во висина од 2.320,- евра се од средства на Божиќниот базар на Германската Амбасада, додека 2.324,- евра се средства од Сојузното министерство за економска соработка и развој, со кои се поддржуваат мали проекти.

Поддршка за детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани

Сродни содржини

Почеток на страницата