Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Поддршка за Дoброволното ПП друштво во Свети Николе

Галерија на фотографии

На 21 април 2017 година амбасадорката д-р Алтхаузер, градоначалникот на општина Свети Николе, г-динот Зоран Тасев и раководителот на Доброволното противпожарно друштво, г-динот Благој Тосевски потпишаа договор за донација и финансирање на опрема во вредност од 5.545 евра. ДПД Свети Николе постои од 1935 година и претставува непрофитно граѓанско здружение, кое е активно во случај на пожари и други природни катастрофи како поплави, земјотреси и сл. Германската амбасада го поддржа проектот преку набавка на професионална пумпа за вода, специјална моторна пила за работа при пожар, десет рачни пумпи за вода, заштитни маски и радио-станица.

На 20 февруари 2018 година, заменик-амбасадорорт Марко Акватичи и г-ѓа Марина Серафимовска од економскиот оддел официјално ја примопредадоа помошта во вид на опрема.

Градоначалникот на Свети Николе, г-дин Сашо Велковски, раководителот на ДПД Свети Николе, г-дин Благој Тосевски, како и целиот тим на друштвото нагласија дека германската помош им претставува голема придобивка при учество во справување со природните непогоди и се заблагодарија за донацијата.

Финансиската поддршка на малите проекти од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи има за цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој во земјата-домаќин.

Поддршка за Дoброволното ПП друштво во Свети Николе

Сродни содржини

Почеток на страницата