Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Поддршка за градинката „Фидани“ во Чаир, Скопје
На 21.03.2016 г. амбасадорката д-р Кристине Д. Алтхаузер, амбасадор на Сојузна Република Германија, госпоѓа Рабије Љоку, директорка на детската градинка „Фидани“ во Чаир, и господин Фами Бајрами, претседател на НВО „Културен прогрес“ потпишаа договор за финансирање на еден фрижидер, една машина за садови и четири колички за сервирање за потребите на кујната на градинката со вкупна вредност од 4.548,- евра.
Во градинката престојуваат деца од албанска, турска, македонска и бошњачка етничка припадност, а раководството на градинката придава големо значење на култураната размена и меѓусебното разбирање.Целта на донацијата од Германската Амбасада беше подобрување на работниот процес и услугите како и олеснување на работата на кујнскиот персонал од градинката. Кујната во главниот објект снабдува со храна пет градинки, а со тоа околу 820 деца секојдневно добиваат свежо приготвена здрава храна.
На 19.10.2016 година од страна на Марина Серафимовска од економскиот оддел на Германската Амбасада, и практикантката Џенифер Дилон официјално беше посетен завршениот проект во градинката. По средбата со г-дин Рами Ќарими, генерален секретар на општина Чаир, госпоѓа Серафимовска официјално го примопредаде проектот. Директорката на градинката, г-ѓа Рабије Љоку, голем број вработени во градинката и деца се заблагодарија на Германската амбасада за поддршката. Во знак на благодарност децата од градинката изведоа две музички точки.
Госпоѓа Љоку имаше покането повеќе директори на училишта од општина Чаир, кои исто така покажаа голем интерес за Малите проекти на Германската амбасада.
Финансиската поддршка на малите проекти од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи има за цел поддршка и поттикнување на социјалниот и економски развој во земјата-домаќин.