Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Поддршка за основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид
На 23.03.2016 година амбасадорката на Сојузна Република Германија д-р Кристине Д. Алтхаузер и градоначалникот на градот Охрид, Никола Бакрачески, како и Силвија Мојсовска, директор на училиштето „Григор Прличев“ потпишаа договор за финансирање на опрема за кабинет по биологија во училиштето во вредност од 4.794,- евра.
Во училиштето учат вкупно 1.088 ученици од прво до деветто одделение. Целта на донацијата на Германската Амбасада е подобрување на училишното образование по предметот биологија преку ставање на располагање на висококвалитетни и модерни наставни средства.
На 26.10.2016 година амбасадорката д-р Кристине Алтхаузер и претставничка од економскиот оддел на Амбасадата, Марина Серафимовска го посетија завршениот проект во Охрид и по остварената средба со градоначалникот Бакрачески, проектот беше официјално примопредаден од д-р Алтхаузер. Директорката на училиштето, Силвија Мојсовска, како и повеќемина наставници и ученици се заблагодарија на Германската Амбасада за финансиската поддршка. Учениците презентираа неколку практични примери во кои ги употребија донираните наставни средства и на германски јазик кратко ги опишуваа активностите.
Оваа донација е успешен проект на Германската Амбасада.
Финансиската поддршка на мали проекти од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи има за цел поддршка на социјалниот и економски развој во земјата домаќин.
Поддршка за основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид
![Потпишување на договорот во амбасадата © Германска амбасада Скопје Потпишување на договорот во амбасадата](/blob/292/1d405f76d7ae8e678c7864e62790f650/loading-data.gif)
![Потпишување на договорот во амбасадата © Германска амбасада Скопје Потпишување на договорот во амбасадата](/blob/292/1d405f76d7ae8e678c7864e62790f650/loading-data.gif)
![Групна фотографија © Германска амбасада Скопје Групна фотографија](/blob/292/1d405f76d7ae8e678c7864e62790f650/loading-data.gif)
![Марина Серафимовска, амбасадорката Алтхаузер и градоначалникот Бакрачески © Германска амбасада Скопје Марина Серафимовска, амбасадорката Алтхаузер и градоначалникот Бакрачески](/blob/292/1d405f76d7ae8e678c7864e62790f650/loading-data.gif)
![Табла со натпис за донаторите © Германска амбасада Скопје Табла со натпис за донаторите](/blob/292/1d405f76d7ae8e678c7864e62790f650/loading-data.gif)
![Градоначалникот Бакрачески, амбасадорката Алтхаузер и ученици © Германска амбасада Скопје Градоначалникот Бакрачески, амбасадорката Алтхаузер и ученици](/blob/292/1d405f76d7ae8e678c7864e62790f650/loading-data.gif)
![Директорот на училиштето, градоначалникот Бакрачески, амбасадорката Алтхаузер и ученици © Германска амбасада Скопје Директорот на училиштето, градоначалникот Бакрачески, амбасадорката Алтхаузер и ученици](/blob/292/1d405f76d7ae8e678c7864e62790f650/loading-data.gif)
![Градоначалникот Бакрачески со гостите и претставници од медиумите © Германска амбасада Скопје Градоначалникот Бакрачески со гостите и претставници од медиумите](/blob/292/1d405f76d7ae8e678c7864e62790f650/loading-data.gif)