Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Работна виза за медицински персонал од областа на негата
Внимателно прочитајте го овој информативен лист и приложете го отпечатен и потпишан кога ќе поднесувате барање за виза. Ве молиме регистрирајте се за термин само доколку ги исполнувате сите услови и сте во можност да ги доставите сите потребни документи. Виза не може да се додели доколку условите не се исполнети или не се поднесени потребните документи.
Добрата подготовка на барањето за виза може позитивно да влијае и да ја скрати постапката. При поднесување на барањето или за време на визната постапка може во поединечни случаи да бидат побарани дополнителни документи кои не се наведени тука. Нецелосно пополнети формулари или некомплетни документи може да доведат до одбивање на барањето.
За време на визната постапка Амбасадата мора да ја вклучи надлежната агенција за вработување и во одреден случај и надлежната служба за странци во Германија. Постапката по правило трае 3 до 4 недели по поднесување на барањето за виза на шалтер, во одреден случај и подолго. Амбасадата веднаш ќе Ве извести штом Вашето барање ќе биде конечно обработено. Ве молиме, воздржете се од прашања за статусот на Вашето барање во текот на вообичаеното времетраење на постапката. За визниот оддел тоа значи дополнително оптеретување и со тоа би се пролонгирала обработката на Вашето барање.
Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 1 копија.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте)!
При поднесување на барањето во зависност од категоријата
потребно е да се достават следниве документи:
- 1 образец за барање на национална виза, целосно пополнети со латинични букви (на германски или англиски јазик) на компјутер и своерачно потпишани. Ве молиме испечатете ги сите страници од барањето за национална виза и приложете ги сите страници заедно со QR-кодот.
- 1 формулар - поука, своерачно потпишани.
- 1 формулар Упатство за приложување на понуда за работно место, своерачно потпишан
- Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
- 2 актуелни биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 1 фотографија залепете на предвиденото место на образецот за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
- Валиден пасош со доволна важност, оригинал и 1 копиja. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни.
- Такса - таксата за апликацијата изнесува 75,00 евра. Таксата се плаќа или со кредитна картичка или во готово исклучиво во ЕВРO-банкноти, монети не се прифаќаат.
- Изјава за работен однос - Сојузна агенција за вработување (Erklärung zum Beschäftigungsverhältnis - Bundesagentur für Arbeit), (не постара од 6 месеци): комплетно пополнета (секоја точка) и потпишана од работодавачот, во оригинал и 1 копиja.
Се препорачува работодавачот пред потпишување на договорот да се информира за висината на актуелниот личен приход за конкретното работното место во Сојузната агенција за вработување во Германија. - Доказ за квалификации, диплома за завршено средно стручно образование, од здравствената/медицинската област: медицинска сестра, болничар, негувател, во оригинал и превод на германски јазик со по 1 копија.
- За лица над 45 години, дополнително:
Доказ за обезбедување на доволни средства за живот во пензија. Доказот може да сe приложи во вид на
- минимален месечен бруто личен приход од 4.015,00 евра (2023)
- минимален месечен бруто личен приход од 4.152,50 евра (2024)
ИЛИ
докази за соодветни средства за покривање на животните трошоци во пензија, во оригинал и 1 копиja, во одреден случај превод на германски јазик. (право на примања од државниот/приватниот пензиски фонд, животно осигурување и сл).
- Доказ за признавање на еквивалентноста на странското стручно образование во Германија:
Уверение од надлежна германска служба за признавање, со кое се потврдува еквивалентноста на странското стручно образование, оригинал и 1 копиja.
- Признато стручно образование е предуслов за извршување на квалификувана работа/дејност во Германија. Еквивалентноста на Вашето стручно образование мора да се утврди во постапка за проверка на еквивалентност на професионални квалификации/стручно образование во Германија – пред да поднесете барање за виза. Надлежната служба утврдува дали Вашето стручно образование е еквивалентно со соодветното стручно образование во Германија и издава дозвола за обавување на професијата „Gesundheits- und Krankenpfleger“.
- Информации околу постапката, надлежните служби и потребните документи ќе најдете овде. - Доказ за познавање на германски јазик на Б2 ниво, оригинал и 1 копиja.
Признати јазични сертификати се јазичните сертификати на Гете-Институтот (Goethe-Institut), ÖSD - австриската јазична диплома (ÖSD - Österreichisches Sprachdiplom) или јазичните сертификати на јазични училишта, кои поседуваат лиценца од Телк доо (Telc GmbH) или ECL. Подетални информации ќе најдете овде. - Подетални информации за забрзаната постапка за стручна работна сила ќе најдете овде.
- Дополнителен лист за мерки за прилагодување, дополнителен лист А - Сојузна агенција за вработување, не постар од 6 месеци: комплетно пополнет (секоја точка) и потпишан од работодавачот, оригинал и 1 копиja.
Доколку за признавање на професионалните квалификации e потребно да се спроведат мерки за квалификација во Германија, Вашиот иден работодавач потребно е да го пополни и дополнителниот лист. - Доказ за постоечките дефицити за признавање:
Решение за утврден дефицит (Defizitbescheid) од надлежната служба во Германија (Лекарска комора или друга надлежна државна служба), оригинал и 1 копиja.
Надлежната служба за признавање на професионални квалификации за Вашата професија утврдува дали е потребно да се преземат дополнителни мерки за квалификација во Германија за признавање на Вашата професионална квалификација/завршено стручно образование.
Со решението за утврден дефицит (Defizitbescheid) се утврдуваат разликите помеѓу германската професионална квалификација/стручно образование и Вашата професионална квалификација/стручно образование стекнато во странство и се наведуваат потребните часови и мерки.
- Доколку во решението за утврден дефицит (Defizitbescheid) е предвидено, дополнително: пријава за теоретски курсеви, мерки за професионална квалификација во претпријатието (со план за обука) или подготвителни курсеви за испити, оригинал и 1 копиja.
- Доколку во решението за утврден дефицит (Defizitbescheid) е предвидено, дополнително: пријава за испит за проверка на професионалната оспособеност (Kenntnisprüfung) и во даден случај пријава за подготвителен курс за испитот за проверка на професионалната оспособеност, оригинал и 1 копиja.
- Доколку во рамките на постапката за признавање на професионалните квалификации предвиден е јазичен курс по германски јазик, дополнително: потврда за пријава на јазичен курс од јазично училиште во Германија, со податоци за бројот на часови неделно на резервираниот јазичен курс (интензивен курс со најмалку 18 часа неделно) и потврда за регулирана уплата на трошоците за јазичниот курс, оригинал и 1 копиja. - План за обука, оригинал и 1 копиja.
Работодавачот во Германија често е и обучувач. Затоа, за спроведување на обуката мора да состави план за обука, со кој се докажува кога и во колкава мерка ќе се надополнат содржините наведени во решението за утврден дефицит (Defizitbescheid) и на тој начин се потврдува дека потребното време за мерките за признавање на професионалната квалификација е земено предвид. - Доказ за познавање на германски јазик на Б1 ниво, оригинал и 1 копиja.
Признати јазични сертификати се јазичните сертификати на Гете-Институтот (Goethe-Institut), ÖSD - австриската јазична диплома (ÖSD - Österreichisches Sprachdiplom) или јазичните сертификати на јазични училишта, кои поседуваат лиценца од Телк доо (Telc GmbH) или ECL. Подетални информации ќе најдете овде.
- Доказ за признавање на еквивалентноста на странското стручно образование во Германија со референтна професија медицински лица:
Уверение од надлежна германска служба за признавање, со кое се потврдува еквивалентноста на стручното образование стекнато во странство, оригинал и 1 копиja.
Еквивалентноста на Вашето странско стручно образование мора да се утврди во постапка за проверка на еквивалентност на професионални квалификации/стручно образование во Германија – пред да поднесете барање за виза. Надлежната служба утврдува дали Вашето стручно образование е еквивалентно со соодветното стручно образование во Германија и издава дозвола за извршување на признатата професија.
Информации околу постапката на признавање ќе најдете овде. - Во одреден случај дозвола за извршување на дејноста од надлежната служба за признавање на професиите уредени со прописи, за кои е потребна дозвола за извршување на професијата според покраинските одредби, во оригинал и 1 копија.
Алтернатива: потврда од службата надлежна за доделување, дека за професијата, за активноста не е потребна дозвола за извршувањр на професијата, во оригинал и 1 копија. - Доказ за познавање на германски јазик на Б1 ниво, оригинал и 1 копиja.
Признати јазични сертификати се јазичните сертификати на Гете-Институтот (Goethe-Institut), ÖSD - австриската јазична диплома (ÖSD - Österreichisches Sprachdiplom) или јазичните сертификати на јазични училишта, кои поседуваат лиценца од Телк доо (Telc GmbH) или ECL. Подетални информации ќе најдете овде.
- Во одреден случај дозвола за извршување на професијата од надлежната служба за признавање на професиите уредени со прописи, за кои е потребна дозвола за обавување на професијата според покраинските одредби, во оригинал и 1 копија.
Алтернатива: потврда од службата надлежна за доделување, дека за професијата, за активноста не е потребна дозвола за извршување на професијата, во оригинал и 1 копија. - Доказ за познавање на германски јазик на Б1 ниво, оригинал и 1 копиja.
Признати јазични сертификати се јазичните сертификати на Гете-Иинститутот (Goethe Institut), ÖSD - австриската јазична диплома (ÖSD - Österreichisches Sprachdiplom) или јазичните сертификати на јазични училишта, кои поседуваат лиценца од Телк доо (Telc GmbH) или ECL. Подетални информации ќе најдете овде. - Доколку има, докази за квалификации, диплома за завршено средно стручно образование, од здравствената/медицинската област: медицинска сестра, болничар, негувател, во оригинал и превод на германски јазик со по 1 копиja.
ПОУКА – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВИЗА / BELEHRUNG - ANTRAGSTELLUNG
Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.
Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.
Скопје / Skopje ___________________ Потпис / Unterschrift______________________