Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Стручно лице по информатичка технологија без завршено високо образование (§19c Abs. 2 AufenthG  .V.m. §6 BeschV)

Текст

Стручните лица по информатичка технологија кои не можат да докажат дека имаат завршено високо или стручно образование, но располагаат со опсежно стручно знаење и искуство во информатичката и комуникациската технологија, може да им се додели виза за престој за вршење на квалификувана работа. Следните предуслови мора да се исполнети:

  • Најмалку три годишно работно искуство во последните 7 години,
  • Познавање на германскиот јазик на Б1 ниво,
  • Минимален бруто личен приход од 52.560 евра годишно.

Внимателно прочитајте го овој информативен лист и приложете го отпечатен и потпишан кога ќе поднесувате барање за виза. Ве молиме регистрирајте се за термин само доколку ги исполнувате сите услови и сте во можност да ги доставите сите потребни документи. Виза не може да се додели доколку условите не се исполнети или не се поднесени потребните документи.

Добрата подготовка на барањето за виза може позитивно да влијае и да ја скрати постапката. При поднесување на барањето или за време на визната постапка може во поединечни случаи да бидат побарани дополнителни документи кои не се наведени тука. Нецелосно пополнети формулари или некомплетни документи може да доведат до одбивање на барањето.

За време на визната постапка Амбасадата мора да ја вклучи надлежната агенција за вработување и во одреден случај и надлежната служба за странци во Германија. Постапката по правило трае 3 до 4 недели по поднесување на барањето за виза на шалтер, во одреден случај и подолго. Амбасадата веднаш ќе Ве извести штом Вашето барање ќе биде конечно обработено. Ве молиме, воздржете се од прашања за статусот на Вашето барање во текот на вообичаеното времетраење на постапката. За визниот оддел тоа значи дополнително оптеретување и со тоа би се пролонгирала обработката на Вашето барање.

Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 1 копија.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте)!

При поднесување на барањето потребно е да се достават следниве документи:

  • 1 образец за барање на национална виза, целосно пополнети со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишани. Ве молиме испечатете ги сите страници од барањето за национална виза и приложете ги сите страници заедно со QR-кодот.
  • 1 формулар - поука, своерачно потпишани.
  • Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
  • 2 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 1 фотографија залепете на предвиденото место на образецот за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
  • Пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
  • Такса - таксата за апликацијата од 75,00 евра се плаќа во готово.
  • Изјава за работен однос - Сојузна агенција за вработување (Erklärung zum Beschäftigungsverhältnis - Bundesagentur für Arbeit), (не постара од 6 месеци): комплетно пополнета (секоја точка) и потпишана од работодавачот, во оригинал и 2 копии.
    За вршење на дејноста стручно лице по информатичка технологија потребен е минимален бруто личен приход. За 2023 минималниот бруто личен приход изнесува 52.560 евра годишно.
  • Доказ за работно искуство во информатичката и комуникациската технологија, најмалку три години во последните седум години, во оригинал и 1 копиja.
    Преглед на регистрирани податоци во матичната евиденција од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија - ПИОСМ, со податоци за сите работни односи во последните 7 години, во оригинал и превод на германски јазик со по 1 копиja.
    доколу поседувате: доказ за релевантни теоретски знаења, завршени курсеви за обука или испити, во оригинал и превод на германски јазик со по 1 копиja.
  • Биографија (CV) на германски јазик, своерачно потпишана.
  • Доказ за познавање на германски јазик на Б1 ниво, во оригинал и 2 копии.
    Признати јазични сертификати се јазичните сертификати на Гете институтот (Goethe Institut), ÖSD - австриската јазична диплома (ÖSD - Österreichisches Sprachdiplom) или јазичните сертификати на јазични училишта, кои поседуваат лиценца од Телк доо (Telc GmbH) или ECL. Подетални информации ќе најдете овде.
  • Подетални информации за забрзана постапка за стручна работна сила ќе најдете овде.

ПОУКА – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВИЗА / BELEHRUNG - ANTRAGSTELLUNG

Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.

Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.

Скопје / Skopje ___________________                       Потпис / Unterschrift______________________

Почеток на страницата