Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Престој за признавање на професионални квалификации/стручно образование

Текст

Внимателно прочитајте го овој информативен лист и приложете го отпечатен и потпишан кога ќе поднесувате барање за виза. Ве молиме регистрирајте се за термин само доколку ги исполнувате сите услови и сте во можност да ги доставите сите потребни документи. Виза не може да се додели доколку условите не се исполнети или не се поднесени потребните документи.

Добрата подготовка на барањето за виза може позитивно да влијае и да ја скрати постапката. При поднесување на барањето или за време на визната постапка може во поединечни случаи да бидат побарани дополнителни документи кои не се наведени тука. Нецелосно пополнети формулари или некомплетни документи може да доведат до одбивање на барањето.

За време на визната постапка Амбасадата мора да ја вклучи надлежната агенција за вработување и во одреден случај и надлежната служба за странци во Германија. Постапката по правило трае 3 до 4 недели по поднесување на барањето за виза на шалтер, во одреден случај и подолго. Амбасадата веднаш ќе Ве извести штом Вашето барање ќе биде конечно обработено. Ве молиме, воздржете се од прашања за статусот на Вашето барање во текот на вообичаеното времетраење на постапката. За визниот оддел тоа значи дополнително оптеретување и со тоа би се пролонгирала обработката на Вашето барање.

Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 2 копии.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте)!

При поднесување на барањето потребно е да се достават следниве документи:

  • 2 обрасци за барање на национална виза, целосно пополнети со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишани. Барањето можете да го пополните онлајн или да го преземете овде
  • 2 формулари - поукасвоерачно потпишани.
  • Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
  • 3 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 2 фотографии залепете на предвиденото место на обрасците за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
  • Пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
  • Такса - таксата за апликацијата од 75,00 евра се плаќа во готово.
  • Изјава за работен однос - Сојузна агенција за вработување (Erklärung zum Beschäftigungsverhältnis - Bundesagentur für Arbeit), (не постара од 6 месеци): комплетно пополнета (секоја точка) и потпишана од работодавачот, во оригинал и 2 копии.
    Се препорачува работодавачот пред потпишување на договорот да се информира за висината на актуелниот личен приход за конкретното работното место во Сојузната агенција за вработување во Германија.

    Напомена: Доколку работното место, личниот приход и/или работното време за време на постапката за признавање на професионални квалификации се разликуваат од условите по завршувањето на постапката, работодавачот мора тоа да го наведе во дополнителна Изјава за работен однос  (Erklärung zum Beschäftigungsverhältnis).

    Доколку по влез во Германија веднаш не примате личен приход или износот на месечниот нето личен приход не достигнува 882,- евра, потребно е да се докаже финансирањето на износот кој недостасува, и тоа со:
    Гарантно писмо од Германија – Verpflichtungserklärung (издадено од службата за странци) за целокупниот студиски престој од страна на лице кое живее и работи во Германија, во оригинал и 2 копии, или
    Потврда од банка во Германија, за отворена блокирана сметка (Sperrkonto) на Ваше име со месечниот износ кој недостасува, во оригинал и 2 копии.
    Доколку имате обезбедено бесплатно сместување или оброци, потребно е да се достават соодветни докази.
  • Дополнителен лист за постапка за признавање на професионални квалификации, дополнителен лист А - Сојузна агенција за вработување (Zusatzblatt A - Bundesagentur für Arbeit), не постар од 6 месеци: комплетно пополнет (секоја точка) и потпишан од работодавачот, во оригинал и 2 копии.
    Доколку за признавање на професионалните квалификации e потребно да се спроведат мерки за признавање во Германија, вашиот иден работодавач потребно е да го пополни дополнителниот лист.
  • Доказ за постојните дефицити за признавање:
    Решение за утврден дефицит (Defizitbescheid) од надлежната служба во Германија (лекарска комора или друга надлежна државна служба), во оригинал и 2 копии.
    Надлежната служба за признавање на професионални квалификации за Вашата професија утврдува дали  е потребно да се преземат дополнителни мерки за квалификација во Германија за признавање на професионалната квалификација/стручното образование.
    Со решението за утврден дефицит (Defizitbescheid) се утврдуваат разликите помеѓу германската професионална квалификација/стручно образование и Вашата професионална квалификација/стручно образование стекнато во странство и се наведуваат потребните часови и мерки.

    Доколку во решението за утврден дефицит (Defizitbescheid) е предвидено, дополнително: пријава за теоретски курсеви, мерки за професионална квалификација во претпријатието (со план за обука) или курсеви за подготовка на испити, во оригинал и 2 копии.

    Доколку во решението за утврден дефицит (Defizitbescheid) е предвидено, дополнително: пријава за испит за проверка на професионалната оспособеност (Kenntnisprüfung) и во даден случај  пријава за подготвителен курс за испитот за проверка на професионалната оспособеност, во оригинал и 2 копии.

    Доколку во рамките на постапката за признавање на професионалните квалификации предвиден е јазичен курс по германски јазик, дополнително: потврда за јазичен курс од јазично училиште во Германија, со податоци за бројот на часови неделно на резервираниот јазичен курс (интензивен курс со најмалку 18 часа неделно) и потврда за регулирана уплата на трошоците за јазичниот курс, во оригинал и 2 копии.
  • План за обука, во оригинал и 2 копии.
    Работодавачот во Германија често е и обучувач. Затоа, за спроведување на обуката мора да состави план за обука, со кој се докажува кога и во колкава мерка ќе се надополнат содржините наведени во решението за утврден дефицит (Defizitbescheid) и на тој начин се потврдува дека потребното време за мерките за признавање на професионалната квалификација е земено во предвид.
  • Доказ за познавање на германски јазик на А2 ниво, во оригинал и 2 копии.
    Признати јазични сертификати се јазичните сертификати на Гете институтот (Goethe Institut), ÖSD - австриската јазична диплома (ÖSD - Österreichisches Sprachdiplom) или јазичните сертификати на јазични училишта, кои поседуваат лиценца од Телк доо (Telc GmbH) или ECL. Подетални информации ќе најдете овде.
  • Доказ за квалификации, диплома за завршено средно стручно образование, во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии.
  • Подетални информации за забрзана постапка за стручна работна сила ќе најдете овде.

ПОУКА – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВИЗА / BELEHRUNG - ANTRAGSTELLUNG

Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.

Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.

Скопје / Skopje ___________________                       Потпис / Unterschrift______________________

Почеток на страницата