Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Виза за стручно образование (§16 a Abs. 1 или 2 AufenthG) 

15.01.2025 - Текст

Ве молиме користете го овој информативен лист за да ги комплетирате Вашите документи во порталот за дигитално поднесување на барања во странство. Таму подгответе го дигитално Вашето барање за започнување на образование. Визниот оддел ќе Ви даде индивидуален фидбек на барањето, за кога ќе имате лично термин да дојдете само со документите што треба да бидат приложени во оригинал, согласно набројувањето подолу. 

Штом барањето ќе биде темелно проверено, ќе бидете известени и ќе добиете линк за резервација на терминот. Ве молиме во меѓувреме паралелно да не резервирате термин преку регуларниот систем на термини на Амбасадата. Вашиот термин во Амбасадата се одвива брзо и ефикасно: ги приложувате оригинал документите, оставате биометриски податоци (отпечаток на прсти и слика) и ја плаќате таксата. 

За подготовка на барањето потребни се следниве документи:

  • Формулар за поднесување на барање - Формуларот за поднесување на барање може да го пополните директно во порталот за странство и таму да ги прикачите потребните документи. 
  • Фотографија за пасош, 1 актуелна биометриска фотографија, не постара од 6 месеци, на бела заднина, со големина 45 х 35 милиметри (оригиналот треба да се приложи кога ќе дојдете лично на терминот).
  • Валиден пасош. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни и пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата (оригиналот треба да се приложи кога ќе дојдете лично на терминот).
  • Такса - 75,00 евра. (во готово во ЕВРO-банкноти или со кредитна картичка).
  • Договор и план за стручно образование (не постари од 6 месеци): потпишан од претпријатието и од Вас. Мора да бидат наведени: работодавецот со комплетната адреса, почетокот и времетраењето на стручното образование, точен назив на професијата која планирате да ја изучувате, висината на месечниот надомест, неделното работно време и датумот на потпишување на договорот (оригиналот треба да се приложи кога ќе дојдете лично на терминот). 

    Договорот мора да се потврди од страна на надлежното стручно здружение (на пр.: ИХК - IHK).

    Доколку месечниот надомест за време на стручното образование не достигне месечен бруто износ од 990,- € (за стручна обука во фирми) т.е. месечна нето сума од 959, -€ (за стручна обука во училишта), потребно е да се докаже финансирањето на износот кој недостасува, и тоа со:
    Гарантно писмо од Германија – Verpflichtungserklärung (издадено од Службата за странци) за целокупниот престој од страна на лице кое живее и работи во Германија, (оригиналот треба да се приложи кога ќе дојдете лично на терминот)
    или
    Потврда од банка во Германија, за отворена блокирана сметка (Sperrkonto) на Ваше име со месечниот износ кој недостасува (оригиналот треба да се приложи кога ќе дојдете лично на терминот).

    Доколку имате обезбедено бесплатно сместување или оброци, потребно е да се достават соодветни докази.
  • Договор со училиштето или потврда за пријава во стручното училиште (оригиналот треба да се приложи кога ќе дојдете лично на терминот).
  • Намера за образование, слободно напишан допис, зошто би сакале да се квалификувате во посакуваното поле на професија и кои професионални перспективи ги следите со ова образование. 
  • Доказ за познавање на германски јазик на Б1 ниво (оригиналот треба да се приложи кога ќе дојдете лично на терминот).
    Признати јазични сертификати се јазичните сертификати на Гете институтот (Goethe Institut), ÖSD - австриската јазична диплома (ÖSD - Österreichisches Sprachdiplom) или јазичните сертификати на јазични училишта, кои поседуваат лиценца од Телк доо (Telc GmbH) или ECL. Подетални информации ќе најдете овде.
  • Подетални информации за забрзана постапка за стручна работна сила ќе најдете овде

Барањето може да биде препратено само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени, не постои можност за враќање на таксата за апликацијата.

Почеток на страницата