Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

FAQ

За поднесување на барање за национална виза потребен Ви е термин.  

Доколку сакате да поднесете барање за шенген виза, може да го поднесете од понеделник до четврток од 08:00 до 09:00 часот без претходно закажан термин. 
 

Детални информации за регистрација на термин за виза за долгорочен престој ќе најдете тука

Регистрацијата за термин за приклучување кон семејството се одвива преку порталот за термини на Амбасадата.

Ве молиме имајте предвид дека секој член на семејството треба да се регистрира за да добие посебен термин. Ова важи и за малолетните деца. Секој барател на виза треба лично да биде присутен на денот на поднесување на барањето за виза.

Термините за поднесување на барање за виза во рамките на таканаречената Регулатива за Западен Балкан се поднесуваат директно кај нашиот официјален понудувач на услуги ВизаМетрик. Подетални информации за постапката ќе најдете тука.

Моментално не постои време на чекање. Можете директно да резервирате термин. 

За жал не е можна дополнителна промена на основните податоци што сте ги внеле при регистрацијата. Затоа, кога ќе се регистрирате треба со најголемо внимание да ги внесувате податоците и до завршување на постапката за виза да ги зачувате непроменети Вашата електронска пошта (мејл) и лозинката за пристап.

Ве молиме, доколку сте внеле погрешни податоци, сторнирајте ја Вашата погрешна регистрација преку линкот кој Ви е пратен во потврдата за успешна регистрација и регистрирајте се одново со точни податоци.
 

Доколку немате веќе пристап до мејлот со потврда за успешна регистрација, испратете ни ги следниве податоци на konsulat@skop.diplo.de:
- Име и презиме
- Копија од пасош
- Регистарски број

Ние ќе ја сторнираме Вашата регистрација. Ќе добиете известување по е-пошта и потоа ќе можете одново да се регистрирате. 
 

Ве молиме прво да го проверите Вашето СПАМ-сандаче и погрижете се мејловите што се класифицирани како СПАМ дека нема да бидат автоматски избришани. Доколку мејлот за успешна регистрација не се наоѓа таму, веројатно погрешно сте ја запишале Вашата  е-пошта (и-мејл).

Во овој случај мора да се регистрирате одново со валидна е-пошта. За да го направите тоа, потребно е да се сторнира старата регистрација со погрешната е-пошта. (Види прашање: Немам пристап до мојот мејл со потврда за успешна регистрација, што можам да направам?)
 

Ве молиме регистрирајте се сами за термин во Амбасадата. Регистрацијата е бесплатна и лесна. 

Резервација на термин од страна на трети лица не е потребна и е бесмислена. Амбасадата не соработува со туристички агенции, адвокатски канцеларии или други комерцијални или приватни агенции, тие не уживаат никакви привилегии. 

Амбасадата соработува само со фирмата ВизаМетрик како единствен официјален понудувач на услуги за поднесување на барања за виза за следниве категории: деташирани работници, работа на речни бродови и крузери, професионални возачи и барања за виза според таканаречената Регулатива за Западен Балкан.
 

Ако сте го пропуштиле Вашиот термин, може да се регистрирате за нов термин, види „Како да резервирам термин?“

Почеток на страницата