Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Најчесто поставувани прашања во врска со визите
Термини за поднесување на барање за виза односно термини за виза преку агенции
FAQ
Термин Ви е потребен за поднесување барање за национална виза.
Ве молиме имајте предвид дека секој член на семејството треба да се регистрира за термин. Ова важи и за малолетните деца. Секој барател на виза треба лично да биде присутен на денот на поднесување на барањето за виза.
Термин за поднесување барање за виза може да се регистрира преку порталот за термини на амбасадата.
Ве молиме прочитајте ги информациите за постапката за закажување на термин.
Барање за Шенген виза може да се поднесе од понеделник до четврток од 14:00 до 15:00 часот без претходно закажан термин.
Ако сте пропуштиле доделен термин за поднесување на барање за виза по Ваша вина, потребно е повторно да се регистрирате. Доколку имате добра причина поради која сте биле спречени да дојдете на терминот (болест, несреќа итн.), во исклучителни случаи може да се додели алтернативен термин. Испратете молба со објаснување и соодветни докази со вашиот референтен број на visa@skop.diplo.de.
Времето на чекање за термин за поднесување барање за виза за приклучување кон семејство изнесува околу 8 месеци. Времето на чекање може разумно да се премости со посети во рамките на безвизниот режим (туристички престој од 90 дена во период од 6 месеци без виза).
Со претходна согласност (Vorabzustimmung) од Службата за странци не може да добиете повластен термин. Бременост не е причина за исклучок.
Во случај на приклучување кон малолетно дете со германско државјанство, може да се додели повластен термин доколку се докаже дека го поседувате старателството. Во ваков случај испратете го вашиот референтен број, доказ за родителство, старателство и германското државјанство на детето на visa@skop.diplo.de.
Самата регистрација за термин не претставува поднесување на барање за виза. Ако во догледно време достигнувате одредена возрасна граница после кое важат други предуслови за поднесување на барање за виза (на пр. кај децата тоа е 16 или 18 годишна возраст), тогаш во овој случај може да се побара признавање на поднесување барање за виза по електронска пошта (и-мејл) првично без интервју (т.н. почитување/запазување на рок).
Ве молиме во врска со ова да нè контактирате по и-мејл на visa@skop.diplo.de со молба за признавање на неформално поднесување на барање за виза поради почитување/запазување на рокот, заедно со соодветниот референтен број на регистрацијата за термин и пасошот од малолетното дете.
Системот за закажување на термини е автоматизиран, за жал не е можна дополнителна промена на основните податоци кои сте ги внеле при регистрацијата. Затоа, при регистрација треба со најголемо внимание да ги внесувате податоците и до завршување на постапката за виза да ги зачувате непроменети Вашата е-пошта (мајл) и лозинката за пристап.
Ве молиме, доколку сте внеле погрешни податоци, сторнирајте ја Вашата погрешна регистрација преку линкот кој Ви е пратен во потврдата за успешна регистрација и регистрирајте се повторно со точни податоци.
Доколку немате пристап до потврдата за успешна регистрација испратена по и-мејл, испратете ни ги следните податоци на visa@skop.diplo.de:
Име и презиме
Копија од пасош
Регистарски број
Амбасадата ќе ја сторнира Вашата регистрација. Ќе добиете известување по е-пошта (мајл) и потоа ќе можете повторно да се регистрирате.
Промена на е-поштата (и-мејл адресата) не е можна доколку се регистриравте во листата на чекање за термин во категоријата Западен Балкан. Можете повторно да се регистрирате следниот месец.
Ве молиме, прво проверете ја Вашата СПАМ-папка и проверете дали мејловите класифицирани како СПАМ не се веднаш избришани. Доколку мејлот за потврда не се наоѓа таму, веројатно погрешно сте ја запишале Вашата е-пошта (и-мејл).
Во овој случај, треба да се регистрирате повторно со валидна е-пошта (и-мејл). Пред да можете повторно да се регистрирате за термин, потребно е да се сторнира првичната регистрација со погрешната е-пошта (и-мејл). (Види: Не можам да пристапам до мојата е-пошта (и-мејл), која ја користев за да се регистрирам за термин).
Ве молиме регистрирајте се сами за термин во Амбасадата. Терминот е бесплатен и едноставен.
Не е потребно ниту има смисла да се ангажирааат трети лица за резервација на термин. Амбасадата во Скопје не соработува ниту со туристички агенции, ниту со адвокатски канцеларии или, пак, со други приватни понудувачи, тие не уживаат никакви привилегии. Особено тие немаат никаков поедноставен пристап до нашиот систем на доделување на термини.
Од септември 2023 г. Амбасадата ќе соработува со вршителот на услуги ВизаМетрик за примање на барања за виза согласно Регулативата за Западен Балкан (§26 став 2 Одредба за вработување). Подетални информации ќе најдете тука.
Поднесување барање за виза
FAQ
Барање за виза може да се поднесе само лично на доделениот термин. Исклучоци не постојат. Испратените документи ќе бидат уништени без дополнителни информации до испраќачот.
Доколку во меѓувреме имате нов пасош, дојдете на термин со вашиот нов и стар пасош (доволно е да приложите барем копија од стариот пасош).
Таксата за апликација за виза вообичаено изнесува 75,00 евра и се плаќа во готово (само во ЕВРА) директно во одделот за виза при поднесување на барањето за виза.
Потребните документи за Вашето барање за виза се наведени во информативните листови во делот Категории на визи, во зависност од целта на Вашето патување. Користете го соодветниот информативен лист во зависност од Вашата цел на патување како список за проверка (чек листа) за целосно да ги подготвите документите за барањето за виза. Внимателно прочитајте го информативниот лист за Вашето барање за виза, комплетно соберете ги сите наведени документи ПРЕД да поднесете барање за виза и со Вас понесете го отпечатен и потпишан информативниот лист, заедно со сите документи што Ви се потребни за да поднесете барање за виза. Ве молиме имајте во предвид дека со комплетна документација значително може да се скрати обработката на барањето за виза.
Македонските државјани можат да поднесат барање за виза во Германската Амбасада во Скопје само доколку имаат вообичаено место на живеење во Република Северна Македонија. Доколку веќе имате вообичаено место на живеење во Германија (на пример, во случај на привремена депортација - Duldung), во тој случај надлежна е службата за странци во Германија и тогаш не може да се издаде влезна виза. Доколку имате вообичаено место на живеење и престој во друга земја, ве молиме контактирајте ја Германската Амбасада во таа земја.
Државјани на други земји можат да поднесат барање за виза во одделот за виза на Германската Амбасада во Скопје само доколку имаат важечка дозвола за подолготраен престој во Република Северна Македонија.
Тековни проедури за виза
FAQ
Доколку ги доставите сите документи во целост и во потребната форма, времето за обработка на вашата апликација значително ќе се намали.
Амбасадата не може однапред да Ве информира точно колку време ќе трае обработката, бидејќи е тоа индивидуално и зависи од повеќе фактори, како од комплетноста на документите, вашите претходни престои во Германија или други Шенген-држави, како и од потребата за вклучување на служби во Германија (Служба за странци, Сојузна агенција за вработување).
Стандардното време на обработка кај националните визи е околу 8-12 недели. Ве молиме воздржете се од прашања пред да истече ова време.
Ве молиме за разбирање дека прашања за статусот на Вашето барање за време на обработката нема да бидат одговорени во текот на првите осум недели по поднесување на барањето за виза. Исто така важи: одговор ќе добие само подносителот лично, неговиот законски застапник или од него писмено овластено лице. Вашето прашање за статусот на барањето не може да биде одговорено без да се наведе бројот на предметот. Бројот на предметот (број на баркодот) може да се најде на сметката/потврдата која ја добивате при поднесување на барањето на шалтер.
За прашања за термин секогаш наведете го 8-цифрениот референтен број.
Поради заштита на податоците не можеме да дадеме информации за статусот на барањето за виза на трети лица без соодветно овластување. Информации за статусот на барањето ќе може да добие само подносителот на виза и лицата кои можат да докажат писмено овластување.
Испраќајте ги само оние документи кои се побарани од вас во постапката за виза. Непобарани документи ќе бидат уништени или избришани. Тие не можат да се чуваат за подоцнежни постапки за виза.
При поднесување на барањето или преку и-мејл ќе ве известиме дали дополнително побараните документи треба да се достават лично или преку е-пошта.
Доколку Вашето барање е одбиено и не се согласувате со тоа, можете да поднесете приговор против одбивањето (приговор) со наведување на фактите и приложување на документите кои ја оправдуваат повторната обработка на барањето. Подетални информации можете да најдете во правната поука во известувањето за одбивање на барањето и на нашата веб-страница.
Визата која ја добивте од Амбасадата треба навреме да ја продолжите во надлежната служба за странци (Ausländerbehörde, Stadt- oder Kreisverwaltung) во градот каде што ќе престојувате. Потребно е навреме да се пријавите во службата за странци, идеално веднаш по влегувањето во земјата.
Друго
FAQ
Доколку Вашата дозвола за престој за Германија е изгубена или неодамна истечена, можете да поднесете барање за виза за повторен влез (Wiedereinreise). За таа цел можете директно да резервирате термин. Во итни случаи, испратете го вашиот референтен број, копија од дозволата за престој, пријава за местото на живеење и идеално предодобрение (Vorabzustimmung) од службата за странци во Германија на visa@skop.diplo.de, за да може да се забрза постапката. Дополнителни информации може да најдете во соодветниот информативен лист.
Потврдата за преминување на границата - Grenzübertrittbescheinigung потребно е да се достави лично во одделот за визи, со приложување на пасошот, во работен ден од понеделник до четврток во 14:00 часот, без закажување на термин. Испраќање по пошта не е можно. Подетални информации ќе најдете овде.
При поднесување на барање за национална виза во амбасадата не треба да се приложи доказ за здравствено осигурување. Но, доказот за здравствено осигурување ќе мора да го приложи во службата за странци, при поднесување на барање за дозвола за престој. Здравственото осигурување во Германија можете да склучите со германско друштво/претпријатие за осигурување. Студентите имаат можност како доказ за здравствено осигурување да приложат потврда од Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за користење на здравствени услуги во странство. Подетални информации околу постапката за издавање на двојазичен образец ќе најдете овде.
Условите за потребните основни средства за живот и големината на станот исклучиво ги проверува службата за странци.
При поднесување на барање за виза во разговор се проверува дали нивото на познавање на германскиот јазик на барателот одговара со постигнатото ниво на познавање на германскиот јазик од приложениот јазичен сертификат. Јазичниот сертификат во постапката за виза се признава доколку во моментот на поднесување на барањето не е постар од една година.
Детални информации за доказ за познавање на германски јазик во постапката за виза ќе најдете овде.
Јазичниот сертификат треба да се приложи во амбасадата во оригинал и една копија.
Блокирана сметка служи за доказ дека располагате со доволни средства да го финансирате вашиот престој во Германија. Основните средства за егзистенција во постапката за виза можат да се докажат со отварање на „блокирана сметка“ - Sperrkonto. Слободни сте во изборот на банката односно понудувачот на таа услуга. Детални информации за отворање на „Блокирана сметка“ во Германија можете да најдете на веб-страницата на Mинистерството за надворешни работи на Германија овде.
За време на визната постапка Амбасадата мора да ја вклучи надлежната служба за странци во Германија. При тоа за овој вид на барање по правило/вообичаено се спроведува посебна постапка тн. „Schweigefristverfahren“ - постапка на молчење (времетраење: три недели и два работни дена). Доколку службата за странци нема дополнителни прашања или забелешки во врска со вашето барање, со истекот на периодот на молчење барањето важи за одобрено и дури тогаш амбасадата може да продолжи со понатамошна обработка на барањето. Амбасадата не може да ја забрза постапката. Ве молиме навремено регистрирајте се за термин. Доколку нема достапни претходни датуми, ве молиме контактирајте не на visa@skop.diplo.de со барање за доделување на претходен датум.
Гарантно писмо (Verpflichtungserklärung) е официјален (посебен) формулар, кој го издава службата за странци во Германија (Ausländerbehörde). Лицето кое ќе Ве финансира, а кое живее и работи во Германија, треба да го обезбеди гарантното писмо (Verpflichtungserklärung) во надлежната служба за странци во Германија.
Гарантното писмо треба да се приложи во амбасадата во оригинал и една копија.
Нотарски заверена изјава од лицето (приватно лице) кое ќе ве финансира не се прифаќа.
Македонски државјани имаат право во Шенген зоната без виза да престојуваат најмногу 90 дена во период од 180 дена. При секој влез на самата граница се пресметува колку дена сте престојувале во некоја од земјите на Шенген зоната во изминатите 180. На тој престој се додаваат планираните нови денови на престој. Вкупниот број на денови за престој не смее да надмине 90 дена.
Овде можете да ги пресметате бесплатно деновите на престој.
Шенген визата не го зголемува бројот на денови на престој.