Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Поддршка за Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас во Битола

Галерија на фотографии

На 13.06.2017 г-ѓа д-р Кристине Д. Алтхаузер, амбасадор на Сојузна Република Германија, госпоѓа Маре Стојменовска Мицевска, директорка на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас „Кочо Рацин“ од Битола и госпоѓа Тесалија Жирова, претседателка на управниот одбор на училиштето, потпишаа договор за донација со вкупна вредност од 5.850,- евра.

Овој завод функционира како специјално основно училиште, во чиј склоп работи интернат и центар за рехабилитација. Во заводот работат околу 25 дефектолози, кои ја пружаат својата образовна и терапевтска помош на повеќе од 100 ученици.

Заводот Кочо Рацин со финансиски средства на општина Битола во текот на ова лето ќе опремува темна сензорна соба, а Германската амбасада го финансира опремувањето на светла сензорна соба за терапија и сензорна интеграција на деца со различен вид пречки во развојот.

Финансиската поддршка на малите проекти од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи има за цел поддршка и поттикнување на социјалниот и економски развој во земјата-домаќин.

Поддршка за Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас во Битола

Сродни содржини

Почеток на страницата