Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Поддршка за ОУ „Прпарими“ во Чегране

Галерија на фотографии

На 23.06.2016 год. амбасадорката д-р Кристине Д. Алтхаузер, г-дин Валбон Лимани, раководител на НВО Европски центар за развој, толеранција и соработка од Гостивар, и г-а Вафире Ејупи, претставничка од ОУ „Прпарими“ од Чегране, потпишаа договор за финансиска поддршка за училиштето во висина од 297.707 денари или 4.852 евра.

Училиштето се наоѓа помеѓу селата Чегране и Форино до кое можат лесно да стигнат децата од двете села. Германската амбасада го поддржува реновирањето и опремувањето на простории за група од предучилишна возраст во училиштето. Ќе бидат набавени креветчиња за пладневен одмор, столчиња, и мала кујна. На тој начин ќе се овозможат услови за 120 деца да можат да посетуваат предучилишна група без да мора да патуваат секојдневно до градот Гостивар, каде местата во градинките се ограничени.

Германската поддршка за училиштето се финансира со средства од Сојузното министерство за економска соработка и развој, со кои се поддржуваат мали проекти.

Поддршка за ОУ „Прпарими“ во Чегране

Сродни содржини

Почеток на страницата