Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Поддршка за Кризниот центар Надеж

Галерија на фотографии

На 22.06.2016 год. амбасадорката на Сојузна Република Германија д-р Кристине Д. Алтхаузер, покровителка на Божиќниот базар на вработените во Германската амбасада Скопје, и госпоѓа Верка Угриновска, претседателка на Кризниот центар Надеж, потпишаа договор за финансирање на еден лаптоп компјутер во износ од 19.899 денари, или околу 325 евра.

Кризниот центар помага во борбата против домашно насилство и им нуди заштита на жените, кои се жртви на насилничко однесување во семејството. Компјутерот значително ќе ја олесни секојдневната работа на „Надеж“.

Финансирањето на компјутерот е овозможено од добивката која се остварува секоја година од Божиќниот базар на вработените во Германската амбасада во Скопје.

Поддршка за Кризниот центар Надеж

Сродни содржини

Почеток на страницата