Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Поддршка за основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид

Галерија на фотографии

На 23.03.2016 година амбасадорката на Сојузна Република Германија д-р Кристине Д. Алтхаузер и градоначалникот на градот Охрид, Никола Бакрачески, како и Силвија Мојсовска, директор на училиштето „Григор Прличев“ потпишаа договор за финансирање на опрема за кабинет по биологија во училиштето во вредност од 4.794,- евра.

Во училиштето учат вкупно 1.088 ученици од прво до деветто одделение. Целта на донацијата на Германската Амбасада е подобрување на училишното образование по предметот биологија преку ставање на располагање на висококвалитетни и модерни наставни средства.

На 26.10.2016 година амбасадорката д-р Кристине Алтхаузер и претставничка од економскиот оддел на Амбасадата, Марина Серафимовска го посетија завршениот проект во Охрид и по остварената средба со градоначалникот Бакрачески, проектот беше официјално примопредаден од д-р Алтхаузер. Директорката на училиштето, Силвија Мојсовска, како и повеќемина наставници и ученици се заблагодарија на Германската Амбасада за финансиската поддршка. Учениците презентираа неколку практични примери во кои ги употребија донираните наставни средства и на германски јазик кратко ги опишуваа активностите.

Оваа донација е успешен проект на Германската Амбасада.

Финансиската поддршка на мали проекти од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи има за цел поддршка на социјалниот и економски развој во земјата домаќин.

Поддршка за основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид

Сродни содржини

Почеток на страницата