Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Поддршка за ЈКПД Лозово

Галерија на фотографии

На 28 април 2017 година амбасадорката д-р Алтхаузер, директорот на ЈКП Лозово, г-дин Санде Јовановски и претставникот од општина Лозово, г-дин Петар Левков потпишаа договор за донација во вредност од 9.000 евра.

Комуналното претпријатие врши различни комунални услуги како собирање на отпад и е надлежно за водовод и канализација. Во моментов во тек е поврзување на повеќе населени места на канализациона мрежа, а во план е поврзување и на водоводниот систем Злетовица..

Германската амбасада го поддржува претпријатието со набавка на еден мал багер, со кој се вршат разни потребни ископувања.

На 20 февруари 2018 година заменик-амбасадорорт г-дин Марко Акватичи и г-ѓа Марина Серафимовска од економскиот оддел официјално ја примопредадоа опремата коај веќе работи на терен.

Тимот од општина Лозово и директорот на ЈКП Лозово, г-дин Антонио Анѓелковиќ информираа дека со набавениот багер веќе се приклучени неколку села на канализациона мрежа. Исто така на овој начин за една третина се намалија трошоците на приватните домаќинства за поединечен приклучок. Во насока на заштита на животната средина и развој на локалната инфраструктура, ова е важен напредок.

Финансиската поддршка на малите проекти од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи има за цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој во земјата-домаќин.

Поддршка за ЈКПД Лозово

Сродни содржини

Почеток на страницата