Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Поддршка за средно училиште „Ѓорче Петров„ Прилеп

Галерија на фотографии

На 21.06.2017 г-ѓа д-р Кристине Д. Алтхаузер, амбасадор на Сојузна Република Германија, г-дин Дејан Димоски, директор на Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Прилеп и господин Валентин Цветковски, претседател на Здружението на граѓани „Јасна иднина“ од Небрегово-Долнени, потпишаа договор за донација со вкупна вредност од 3.894,- евра.

Ова средно училиште образува кадри од повеќе струки и профили: здравствена, текстилно кожарска, шумарско-дрвопреработувачка, козметичка и геолошко-рударска струка, а во него учат 840 ученици.

Управата на училиштето се залага за што е можно поквалитетна практична настава, а Германската амбасада со овој проект го финансираше опремувањето на кабинет по биологија.

На 24.01.2018 година амбасадорот Томас Герберих и соработничката од економскиот оддел Марина Серафимовска официјално го примопредадоа имплементираниот проект. Градоначалникот Илија Јованоски и новиот директор на училиштето се заблагодарија за донацијата.

Финансиската поддршка на малите проекти од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи има за цел поддршка и поттикнување на социјалниот и економски развој во земјата-домаќин.

Поддршка за средно училиште „Ѓорче Петров„ Прилеп

Сродни содржини

Почеток на страницата