Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Поддршка за Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ во Прилеп
На 25.04.2017 г. д-р Кристине Д. Алтхаузер, амбасадор на Сојузна Република Германија, госпоѓа Ирена Стерјоска, директорка на Домот за стари лица во Прилеп, и госпоѓа Кристина Павлоски, претседателка на НВо Луна Тринити од Прилеп потпишаа договор за донација со вкупна вредност од 7.980,- евра.
Домот за стари лица во Прилеп згрижува околу 150 стари и изнемоштени лица, и им обезбедува сместување, исхрана, помош и нега.
Германската амбасада преку мал проект ја финансира набавката на една професионална индустриска машина за перење, со што ќе се овозможи полесен процес на одржување на хигиената и подобрување на квалитетот на животот на старите лица кои се згрижени во домот.
На 24.01.2018 година амбасадорот Томас Герберих и соработничката од економскиот оддел Марина Серафимовска официјално го примопредадоа имплементираниот проект. Градоначалникот Илија Јованоски и новиот директор на Домот за стари лица, Кристијан Пиличев се заблагодарија за донацијата, која претставува голема и важна помош во секојдневната работа на домот.
Финансиската поддршка на малите проекти од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи има за цел поддршка и поттикнување на социјалниот и економски развој во земјата-домаќин.
Поддршка за Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ во Прилеп
![Потпишување на договорот во амбасадата © Германска амбасада Скопје Потпишување на договорот во амбасадата](/blob/292/1d405f76d7ae8e678c7864e62790f650/loading-data.gif)
![Потпишување на договорот во амбасадата © Германска амбасада Скопје Потпишување на договорот во амбасадата](/blob/292/1d405f76d7ae8e678c7864e62790f650/loading-data.gif)
![Амбасадорот Герберих во разговор со градоначалникот Јованоски © Германска амбасада Скопје Амбасадорот Герберих во разговор со градоначалникот Јованоски](/blob/292/1d405f76d7ae8e678c7864e62790f650/loading-data.gif)
![Амбасадорот Герберих со соработници на Домот за стари лица © Германска амбасада Скопје Амбасадорот Герберих со соработници на Домот за стари лица](/blob/292/1d405f76d7ae8e678c7864e62790f650/loading-data.gif)
![Амбасадорот во разговор со претставници од медиумите © Германска амбасада Скопје Амбасадорот во разговор со претставници од медиумите](/blob/292/1d405f76d7ae8e678c7864e62790f650/loading-data.gif)