Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Информации за ковид-19: Патување во Германија
Информации во врска со правилата околу патување во Германија
Од 11 јуни 2022 година, привремено се укинати сите ограничувања за влез во Германија во врска со COVID-19, односно повторно е дозволен влез од Северна Македонија во Германија за сите цели на патување (вклучувајќи туризам и патувања за посета). Доказ за вакцинација, доказ за прележаност или доказ за тестирање повеќе не е потребен за влез во Германија.
Информирајте се за важечките ограничувања за влез во другите земји во Европа
Ве молиме, пред можниот влез во други земји-членки на ЕУ, во Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, или Швајцарија, да се информирате кај нивните надлежни служби за важечките ограничувања за влез во овие држави. Можно е, Германија да Ви дозволи влез, но не и овие други држави (можеби дури иако целта е транзит за да стигнете до Германија).
Други важни линкови
Веб-страна на Министерство за здравство на Северна Македонија
Роберт-Кох-Институт
Светска здравствена организација (СЗО)
Re-open EU